СПМ против национализмот

Социјалистичката партија на Македонија најостро го осудува манифестирањето на национализам без оглед од која страна доаѓа.

Национализмот секогаш отвара огромни рани, остава крупни последици и носи само трагедии.

Потпалувањето на меѓуетничките односи е неприфатливо за денешната македонска држава и е спротивно на заедничките заложби за градење на мултиетничко општество, на разбирање и толеранција.

Ги повикуваме надлежните институции на државата да ги превземат сите потребни мерки за расчистување на ситуацијата и откривање на организаторите, поттикнувачите и виновниците за насилството и нередите во изминатите денови.

Институциите треба да го спречат и во корен да го уништат било кој националистички испад.

Воедно, Социјалистичката партија на Македонија го изразува задоволството што опозицијата најпосле се освести и донесе одлука да се врати во работата на Собранието на Република Македонија и да учествува на претстојните Локални избори.

Изминатиот двомесечен период е пример како не треба да се работи спротивно на интересите на сопствениот народ и држава.

Истовремено укажуваме дека од погрешните одлуки и од капитулантството не треба да се книжат придобивки.

Конечно, очекуваме дека од сето ова опозицијата ќе извлече заклучоци за начинот на идното работење и за градењето на позитивна политичка клима во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Comments are closed.