11 октомври – Ден на востанието во Македонија

11_oktomvri

Социјалистичката партија на Македонија на сите граѓани на Македонија им го честита големиот празник 11 октомври.

На овој ден македонскиот народ ја започна Народно ослободителната борба и социјална револуција и создавањето на македонската држава. Социјалистичката партија со посебен пиетет се однесува кон овој историски важен чин и кон сите борци што ги дадоа животите за слободата на Македонија, но и кон оние што ја градеа.

Честитајќи го празникот Социјалистичката партија на Македонија на граѓаните им посакува во слобода и мир да ја градат иднината на нашата земја.

Comments are closed.