Соопштение

СПМ лого

Социјалистичката партија на Македонија најостро го осудува обидот за прогласување на таканаречената Илирида во рамките на Република Македонија.

Оваа постапка е сторена од политички нереализирани и заборавени личности, мотивирана за нивна промоција, со што грубо се кршат Уставот и законите на Република Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија ова го смета како чин на загрозување на унитарноста на државата, територијалниот интегритет и и државниот суверенитет на Република Македонија.

Напоменуваме дека етничката толеранција, коегзистенцијата и изградениот модел на соживот е прифатен од сите политички субјекти и граѓаните во Република Македонија, вграден во Уставот, и претставува процес кој се развива во секојдневниот живот и во институциите.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции на системот да ги превземат сите потребни мерки против иницијаторите на овој чин.

Comments are closed.