Велигденска честитка

veligden

Од името на Социјалистичката партија на Македонија и од мое лично име на граѓаните на Република Македонија им упатувам искрени честитки за Велигденските празници и Христовото воскресение.
Иако живееме во турбулентно и тешко време нека овој најголем Христијански празник биде повод и прилика за чествување и силно изразување на меѓусебна љубов, разбирање и почитување. Само така ќе можеме да ги надминуваме секојдневните тешкотии и да создаваме услови за мирен и подобар живот за нас и нашите поколенија.

Со почит,
Љубисав Иванов – Ѕинго
Претседател на СПМ

Comments are closed.