Реакција на СПМ за вчерашната прес конференција на СДСМ

нива

Господата од СДСМ вчера одржаа прес конференција на тема тутун и тутунопроизводители. Секогаш кога СДСМ нема за што друго да зборува веднаш се сеќава дека Макеоднија е земјоделска држава и дека во неа живеат земјоделци, па ајде да одржиме една пресконференција на таа тема. За потсетување на јавноста, СДСМ како дежурна тема го имаше земјоделието за ситни политички препукувања и во Собранието на Република Македонија. Се одржа надзорна расправа која СДСМ и нивниот претседател на комисијата за земјоделие одбија да ја довршат. Се бараа паушално јавни расправи кои откако ќе беа прифатени набрзо завршуваа со политички препукувања на сосема други теми. Земјоделските лидери од собраниската говорница од страна на опозицијата беа нарекувани „слуги“ и „измеќари“. Во предизборието СДСМ од тие „слуги“ и „измеќари“, како што ги нарекува, бара гласови. И тоа го прави со лаги и манипулации прикажувајќи лажна загриженост за земјоделците, овојпат за тутунопроизводителите.

Господа од СДСМ, па нели нема да се откупи тутунот во Македонија? Но сега кога откупот на тутун е во завршна фаза и остана мала недооткупена количина, која деновиве ќе биде дооткупена, вие излегувате со бројки дека 1 милион килограми тутун се неоткупени.

Од каде ви е таа бројка?

Господа од СДСМ, па нели во Македонија тутунот се откупувал за 40 денари, како што велевте? Сега кога просечната откупна цена на тутунот е 154 денари по килограм, вие велите дека е малку и барате да се зголеми субвенцијата. Земјоделците знаат дека во ваше време просечната откупна цена во одредени години се движеше од 60 до 70 денари по килограм, а субвенции исплативте само еднаш и тоа 15 денари по килограм. Сега за вас е мала субвенцијата од 60 денари по килограм. Токму вие баравте измена во изборниот законик со кој ќе се забрани исплата на субвенции во период на избори, за да истите небиле користени за наводна изборна манипулација! Кој манипулира сега со вашата наводна загриженост и барање за зголемување на субвенцијата, која патем речено кај најголемиот број на земјоделци е веќе исплатена?

Крајно време е земјоделскиот сектор да го сватите посериозно и тој да не ви биде само дежурна тема за политичка манипулација и за пополнување на медиумскиот простор. На тој начин не покажувате грижа кон земјоделците, туку само дополнително ги потценувате. Во меѓувреме, земјоделците и понатаму ќе имаат еден сигурен партнер во „земјоделската Влада“, како што вие ја нарекувате.

Comments are closed.