СПМ за успесите во земјоделието

vino

Во изминатиот период СДСМ упорно изнесуваше лаги и манипулации поврзани со земјоделието во Република Македонија. Последната манипулација која особено ја лиферуваат одредени пратеници на СДСМ, а која истите се обидуваат да ја пренесат и на терен при нивните партиски посети на одредени региони е поврзана со лозарството и винарството. Имено, самонаречените земјоделски експерти во СДСМ зборуваат за очајната состојба во овој сектор, за намалувањето на површините под лозов насад, за ниската цена на откупот, за преполните вински визби, како и за намалениот извоз на вино во Република Македонија. Се разбира сето ова без ниту еден податок и без ниту еден аргумент.

И додека СДСМ упорно ги критикува политиките на Владата на Република Македонија во областа на земјоделството, фактите неминовно ги демантираат и им се враќаат како бумеранг.

Минатата година само на европскиот пазар извозот на вино во шишиња е зголемен за 45% во количина и за 67% според вредност. Истовремено, просечната цена за извоз на вино во ЕУ е зголемена за 10 евра по хектолитар. Тоа значи дека Македонија станува се попрепознатлива на странските пазари и за разлика од минатото кога извозот на вино се карактеризираше со големи количини наливно по многу пониска цена, сега се става акцент на флашираното вино.

Во 2013 година Македонија бележи рекорден извоз на вино на странските пазари. Според последните податоци на Министерството за земјоделство вкупно извезената количина на вино во 2013 година изнесува 885.331 хектолитри во вредност од 50 милиони евра. Ова, споредено со просечните вредности на извоз во вино во периодот 2007-2012, лани е за 48% поголема според количина или за или за 24% во вредност кај вино. Во исто време за 4% е намалена количината на извезено наливно вино, а за 13% е зголемена неговата вредност.

Особено радува фактот дека е остварена примарната цел на сите програми и мерки на Владата и на Министерството за земјоделство за зголемена промоција и препознатливост на македонско вино. Како резултат на истите, во последниве неколку години најзначајно зголемување се забележува кај извозот на вино во шишиња, при што количината на извезено вино во шише од 2005 година од над 5,5 милиони литри е тројно зголемена и достигнува количини околу 17 милиони литри.

Ова практично значи дека над 60.000 шишиња македонско вино се продаваат во светот секој ден во последните две години.

После ваквите податоци останува СДСМ да одговори:

-Како тоа се зголемува производството на вино, а се намалуваат површините со лозови насади?

-Како тоа визбите се преполни, а се зголемува извозот на вино?

-Како тоа е очајна состојбата, а податоците зборуваат за нешто сосема друго?

Додека вие манипулирате, коалиционата Влада останува да работи секојдневно на подобрување на животот на граѓаните. Овојпат тоа на дело се покажува според податоците во земјоделскиот сектор.

Comments are closed.