Произнесување на СПМ во врска со Извештајот од страна на Европската комисија

Социјалистичката партија на Македонија со големо внимание ги следи информациите што доаѓаат од Брисел во врска со Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за отпочнување на преговорите за влез во Европската унија. Во целина земено Социјалистичката партија на Македонија со задоволство го прифаќа Извештајот особено констатацијата дека Република Македонија условите за влез во Европската унија ги исполнила уште во 2009 година, што е своевидно признание за трудот што е вложен за имплементирање на европското законодавство и реформите што во континуитет ги прави.

Она што најмногу ги интересира македонските граѓани, а особено нас социјалистите во Македонија, тоа е формулацијата дадена во Извештајот цитирам „20 години по влезот на земјата во Обединетите нации, решение на прашањето за името треба да се најде без понатамошно одложување“.
Македонското раководство, а и ние македонските социјалисти повеќе пати сме искажале ставови во кои бараме брзо решение на спорот без притисоци и уцени. Денес нема сила која може на македонците да им наметне друго име, идентитет, јазик, култура и историја. Таквите барања било од каде да доаѓаат ние македонските социјалисти не можеме поинаку да ги оквалификуваме освен како апсурдни кои се косат со меѓународното право и принципи врз кои се гради европската иднина. На таков начин македонскиот народ не е спремен да бара решение за спорот што Република Грција и го наметна.

Според нас македонските социјалисти, решението мора да се бара со целосно ангажирање на Обединетите нации и врз основа на нејзината Повелбата. Да извршат притисок Република Грција да ги смени своите крајно ригидни ставови и барања. Да се придржува кон обврските што ги презеде во Обединетите нации со спогодбата да не го попречува патот за влез на Македонија во Европската унија и НАТО и да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг што таа го формира.

На крајот уште еднаш потенцираме дека ничии уцени и притисоци не прифаќаме.

Comments are closed.