Реакција на СПМ за прес конференцијата на СДСМ

Чекајќи ја долгоочекуваната Влада во сенка на СДСМ вчера бевме сведоци на уште една пресконференција поврзана со аграрната политика на Владата на Република Македонија. Во неа СДСМ најпрвин призна дека Владата на Република Македонија поделила над 500 милиони евра субвенции во период од 2006 до 2012. За потсетување на јавноста СДСМ ова го негираше и го оспоруваше за што покренаа и надзорна расправа во Собранието на РМ каде што претседател е од нивните редови и која што сеуште не е завршена. Со јавното признавање од вчерашната пресконференција на СДСМ во најмала рака очекуваме самите да предложат позитивни заклучоци од јавната расправа и да се извинат за досегашните лаги кои ги вршеа на оваа тема.
Сега СДСМ се обидува да ги анализира ефектите од политиката на субвенционирање негирајќи ги успесите кои оваа политика ги предизвика во аграрот. Јавноста знае дека претходната Влада на СДСМ подели 5 милиони евра субвенции на отприлика 20.000 земјоделци. Самиот факт што сега се делат субвенции на околу 80.000 земјоделци говори за 4 пати зголемување на бројот на земјоделците во Република Македонија. Зарем само ова не е доволен доказ за ефектот на Владината политика?
СДСМ незастанува тука и наведува дека е зголемен извозот на земјоделски производи од Република Македонија за 50%. Му благодариме на СДСМ што потенцираше уште еден ефект од Владината политика во аграрот.
СДСМ за сметка на тоа зборува за 85% зголемен увоз. Повторно СДСМ свесно лаже мешајќи ги земјоделските и прехранбените производи создавајќи впечаток на негативен трговски биланс, притоа неводејќи сметка за позитивниот тренд на зголемување на преработувачката индустрија која увезува суровини кои неможат да се произведат во Република Македонија (какао, кафе, кондиторски производи, јужно овошје и сл.)
Увозот на пченица и на брашно се зголемувал. Господа од СДСМ во 2005 година кога вие бевте на власт во Република Македонија е увезено 90.095.482 килограми пченица. За време на оваа Влада највисокиот увоз на пченица е 78.325.732 во 2011 година. Тоа што е зголемена цената на земјоделските производи па и на пченицата е светски тренд кој што вие многу добро го знаете, како што и знаете дека ние неможеме многу да влијаеме на цената на одреден производ во светот. Затоа господа од сдсм престанете да манипулирате.
Продолжувајќи во истиот стил СДСМ констатира дека приносите на земјоделските производи се намалиле или останале на истото ниво. Самите тие потенцираа на зголемен извоз. Се поставува прашањето како може да има зголемен извоз со намалено производство? Или за време на СДСМ ништо не се извезувало или повторно уште една лага.
На крајот СДСМ завршува дека субвенциите само купувале социјален мир и дека тие субвенциите ќе ги делеле на поинаков начин.
Опишаниот начин начин на делење на субвенции е плагијат на начинот на делење на субвенции кој што и досега се применува, а кој начин е јасно наведен во Програмите кои ги донесува Владата на Република Македонија. Единствен новитет е дека тие немало да ги делат субвфенциите едноставно по засадена/посеана површина. Тогаш како ќе ги делат, ако го земеме во предвид фактот дека тоа е европски начин на делење на субвенции за кој Република Македонија добива 5 пати по ред позитивен извештај и кој начин е еден од условите за добивање на ИПАРД средства како европски пари за подршка на развојот на аграрот во Република Македонија.
На крајот со нетрпение ја очекуваме програмата која се изработува во делот на аграрот, а која СДСМ вчера ја најави. Добор е после 22 години СДСМ најпосле да излезе со разработена програма. Во меѓувреме ги замолуваме да се посветат на програмата кој ја изработуваат и да престанат со манипулациите и лагите за добробит на Република Македонија.

Comments are closed.