Опстанокот на Македонија ќе се брани со македонска платформа

ljupco

Оваа платформа не е пандан на албанската платформа, појаснува Димовски од Социјалистичката партија на Македонија, туку ова е исклучиво наша иницијатива. Не сакаме платформата да биде партиска, туку поддржана од сите граѓани, бидејќи ја подготвивме согласно Уставот и законите.

­Ова е многу сериозен документ, бидејќи почива на црвените линии кои го засегаат секој граѓанин на Република Македонија, а негови основни карактеристики се внатрешното уредување, јазикот, унитарниот карактер на државата, државните обележја и симболи, идентитетот и државноста.

Неизвесната состојба во македонското општество особено по објавувањето на т.н. албанска платформа креира се подобра атмосфера, со иста таква т.н. платформа да излезат и македонските партии.

Иницијатива за сеопфатна македонска платформа за одбрана на виталните национални и државни интереси, подготвува Социјалистичката партија на Македонија. Партијата, коалициски партнер на ВМРО­-ДПМНЕ, ги повика сите политички субјекти во Македонија да се вклучат во подготвувањето на ваква платформата. Испратена е до сите партии и се повеќе луѓе се вклучуваат во нејзината подготовка, но на “Бихаќка” велат иако е испратена пред 10 дена, досега нема никаков одговор од СДСМ.

Љупчо Димовски од Социјалистичката партија на Македонија во изјава за ВЕЧЕР вели дека во оваа иницијатива мора да бидат опфатени сите прашања кои се однесуваат на внатрешното уредување и безбедносниот карактер на државата.

­- Чувствуваме одговорност, особено по актуелните случувања, и сметаме дека македонските граѓани заслужуваат ваква платформа, во која ќе бидат заокружени црвените линии.

Оваа платформа не е пандан на албанската платформа, појаснува Димовски, туку ова е исклучиво наша иницијатива. Со оваа иницијатива, ние се обративме до двете најголеми политички партии ВМРО­ ДПМНЕ и СДСМ. Како дел од коалицијата “За подобра Македонија# ние имаме непречена соработка и поддршка од ВМРО­ДПМНЕ. Но не сакаме платформата да биде партиска, туку поддржана од сите граѓани, бидејќи ја подготвивме согласно Уставот и законите.

­- Ова е многу сериозен документ, бидејќи почива на црвените линии кои го засегаат секој граѓанин на Република Македонија, а негови основни карактеристики се внатрешното уредување, јазикот, унитарниот карактер на државата, државните обележја и симболи, идентитетот и државноста, вели Димовски.

Според него, дефинитивно е дојдено времето за ваков документ, особено во овие процеси, на платформи и политички пазарања, што за нас е неприфатливо.

Comments are closed.