75 години од почетокот на антифашистичкото востание во Македонија

14542335_542279442641745_1987231393895709655_o

Република Македонија одбележува 75 години од почетокот на антифашистичкото востание, социјалистичката револуција и народно ослободителната борба.

Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ започна организираното востание на македонскиот народ против германскиот, бугарскиот и италијанскиот фашистички окупатор за ослободувањето на земјата со длабоки историски корени.

Народот на Македонија ја донесе одлуката да пристапи кон страната на прогресивното човештво ослободено од било какви влијанија и ограничувања поставени од фашизмот како идеологија која одзеде многу животи во современата историја, и која ги газеше и негираше сите општоцивилизациски и демократски вредности.

Македонскиот народ препознатлив по својата храброст и сила за истрајност до самиот крај самостојно се избори за слободата во која денес живееме.

Првите партизанските одреди кои ја започнаа борбата, се претворија во народно ослободителна армија на Македонија која за период од 4 години броеше приближно 110 000 борци, со највисок ранг како корпуси и дивизии.

Овој ден го означува продолжувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ, неговата борба за слобода од Карпошовото, Разловечкото, Кресненското, Илинденското востание, па сè до осамостојувањто во суверена, независна и слободна Република Македонија.

Македонија претрпе и огромна човечка и материјална штета која беше дел од цената која се плати за неизмерливо скапоцената слобода.
Како резултат на оваа борба, врвот на вековнот стремеж со крајната цел на нашиот народ, АСНОМ на своето прво Заседание во 1944 година го зачна животот на повеќе вековните идеали за основање на сопствена македонска држава.

Нека е вековит овој празник. Честит нека ни е 11-ти Октомври!

Социјалистичка партија на Македонија

Comments are closed.