Македонија не смее да биде заложник на СДСМ

Одлуката на СДСМ да го блокира координирањето на работата на Собранието на Р.Македонија е уште еден од низата обиди да се блокира дијалогот меѓу позицијата и опозицијата и целокупната работа на Собранието, знаејќи дека на дијалог изричито инсистираат извештаите на европската комисија.

Притисоците и уцените што СДСМ ги прави за прифаќање на некои свои барања преку законски проекти денес или никогаш, се крајно неодговорни и доаѓаат во време на глобална економска криза и кога се решава судбината на Р. Македонија за влез во ЕУ и НАТО. За некои од тие проекти СПМ е длабоко заинтересирана и е подготвена да дебатира за изнаоѓање на решенија. Меѓутоа, да се поставува барање за промена на Уставот, макар само во еден член во ова сензибилно време кога разни легални и нелегални радикални сили испорачуваат барања кои од корен сакаат да го разнишаат нашето уставно уредување е крајно неодговорно.

СПМ и коалицијата на власт не се толку наивни и неспособни да ги проценат овие барања и нивната намера да се отвори Пандорната кутија. Со ова барање не е исклучено на Собранието да му бидат испорачани и други можеби веќе договорени барања од споменатите политички субјекти со кои СДСМ преговара за создавање на некаков си фронт на опозицијата за престојните локални избори. Целта е до крај да се искомплицира работата на Собранието, а со тоа да се забават процесите на реформите кои треба да ни овозможат влез во ЕУ и НАТО.

СДСМ вакви и слични сценарија не еднаш испорачала кога е во опозиција се со цел без избори да се добере до власт.

СПМ им порачува дека тој филм не ќе можат да го гледаат до наредните избори.

Comments are closed.