Државните пред партиските интереси

Социјалистичката партија на Македонија со огромна загриженост и внимание ги следи последните политички настани во земјата и е фрапирана од настапот на поединци, партии и групи.

СПМ смета дека е нормално да се прават предизборни, изборни и постизборни коалиции, но во историјата на човештвото не е познато да се создава коалиција со цел да се урне сопствената држава и да му се одземе името, идентитетот и историјата на народот се со цел за да се остварат туѓи интереси.

Коалиција се создава врз основа на програма во која се изразуваат намерите и целите кои сакаат да се постигнат на подолг временски период.

Сведоци сме дека поединци одработуваат од познати причини туѓу интереси, па така да неодамна имавме прилика на отворено од седницата на Собранието на најодговорното место во Република Македонија директно да се заговара промена на името, а со тоа и промена на името на народот, промена на идентитетот, културата, јазикот и историјата.

Друг коалиционен партнер бесрамно и без трунка одговорност отиде дотаму да тврди дека Македонците се вештачка творевина, без историја, култура и идентитет. Сето ова се прави бидејќи оваа коалиција не може да ги оствари сопствените цели за обработување на туѓи агенди се додека на власт постои цврста коалиција предводена од човек кој израсна во вистински лидер и се докажа како партиот и родољуб. И затоа, сите напори се вложени за да ваквиот човек и оваа коалиција се тргнат од власт. Впрочем, опозиционата коалиција и самата истакнува дека немаат и неможат да направат своја заедничка програма со што им кажуваат на граѓаните на Република Македонија дека немаат што да им понудат и дека единственото нешто што ги сплотува е голата борба за власт. Нивното евентуално добивање на власта би значело исполнување на туѓите интереси и остварување на агендата за уривање на македонската држава.

Comments are closed.