Некои пратеници не ги бранат државните интереси

На вчерашната седница на Собранието на Република Македонија од страна на опозициските пратеници повторно се атакуваше врз името на македонската држава, македонскиот идентитет, македонскиот јазик и се што е македонско, при што повторно се симнаа маските.

Опозицискиот пратеник Тито Петковски, претседател на Нова социјал-демократска партија и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија, ни најмалку случајно од собраниската говорница енергично ги искажа своите прогрчки ставови за решавање на проблемот.

Доколку пратеникот Тито Петковски чувствува проблем со сопствениот идентитет, може самиот да се нарекува и горно Македонец и северно Македонец, но не смее тоа да го наметнува на сите останати Македонци.

Отварањето на најчувствителното прашање за македонскиот народ среде македонскиот законодавен дом, на пратенички прашања, е крајно неодговорно и опасно по безбедноста на државата, во ситуација кога целиот јужен сосед води политика за згаснување на македонската држава и нација.

Ова не е случајно и претставува продолжување на концептот на внатрешно разградување на македонското национално ткиво, ослабување на македонската позиција и поттикнување на деструктивност кон македонската државност.

Социјалистичката партија на Македонија со сите демократски методи и средства жестоко се спротивставува на овие негативни појави кои се однесуваат на македонската нација и држава.

Социјалистичката партија на Македонија прашува дали Тито Петковски говори во името на целата опозиција, и доколку не, ги повикуваме останатите опозициски партии да се оградат од неговите ставови

Comments are closed.