СПМ за убиствата кај Смилковско езеро

Социјалистичката партија на Македонија им оддава признание на институциите и вработените во Министерството за внатрешни работи за нивното залагање и вложениот труд за откривање на злосторниците кои свирепо ги убија невините млади животи.
Тоа претставува потврда за функционирање на државата, системот и институциите кои на ефикасен начин се справија со предизвикот и барањето на јавноста за изнесување на злосторниците пред лицето на правдата.
Напоменуваме дека во овие моменти е потребен мир меѓу граѓаните и оставање простор институциите да ја завршат процедурата во согласност со законото.
Истакнуваме дека ниту еден етникум не е виновен за постапките на мал број на негови припадници и дека не треба да се поистоветува нивното злосторничко дело со било кој народ.
Истовремено, ја изразуваме поддршката кон албанските политички парии и пред се кон нивните претставници за цивилизираниот однос кон случајот и кон нивните заложби, напори и поддршка која ја дадоа за неговото расветлување.
Врз вековното заедничко живеење и изградените односи на толеранција и взаемно почитување убедени сме дека муслиманаската заедница воопшто не стои зад свирепите постапки на оваа терористичка радикална група.
Во овој период нема место за страв и неизвесност.
Инсистираме да се сосече злото и тероризмот чие дејствување има за крајна цел дестабилизација на државата и нарушување на меѓуетничките односи.

Comments are closed.