Невистините на СДСМ за субвенциите

Врвот на лицемерието и дволичноста на СДСМ и неговата измислена грижа за земјоделците го достигна на вчерашната собраниска седница со воздржаноста од давање поддршка на измените во Законот за земјоделство и рурален развој, предложени од Владата, а на барање на земјоделците и во интерес на земјоделците.

Гневната пратеничка група на СДСМ, полна со злоба и дволичност, уште при првата Надзорна расправа за субвенциите, го покажа своето вистинско лице со изнесување на груби невистини, лаги, подметнувања, клевети, обвинувања и лични навреди кон сите.

И сето тоа затскриено зад нивната наводна голема грижа за средствата кои нашата селанско-земјоделска Влада преку субвенциите ги распределува токму на македонските земјоделци.

Да посетиме што всушност опозицискиот СДСМ не дозволи да се оствари и со што ја ускрати можноста да им се помогне на земјоделците:

СДСМ не се согласи со носењето на петтгодишната Програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со што ги оневозможи земјоделците среднорочно да го планираат своето производство.

СДСМ оневозможи поволност за земјоделците, можност за авансно плаќање на неповратната подршката по мерките за рурален развој или плаќање на рати, во зависност од потребата на земјоделците-корисници на средства, со што ќе им се помогнеше во реализација на вложувања во земјоделството.

СДСМ не се согласи за можноста за добивање на субвенции на земјоделци кои имаат долгови кон Министерството за земјоделство и спречи пребивање на обврските по основ на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со побарувањата по основ на одобрени субвенции.

СДСМ не се согласи субвенции да добијат и земјоделците кои заради лошата финансиска состојба не се во можноста да ги исполнат обврските кон државата.

СДСМ не се согласи за зголемување на финансиската поддршка од најмалку 20% на земјоделците кои се регистрирани согласно законот за вршење на земјоделска дејност и согласно законот за пензиско и инвалидско осигурување.

СДСМ ја спречи можноста да им се помогне на најранливата категорија земјоделци корисници на социјална помош, со која се предвидува доделување на неповратни парични средства во износ до 120.000 денари на земјоделци кои ќе добијат земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање.

СДСМ вчера ги обесправи и грубо ги понижи македонските земјоделци со неприфаќањето на распределувањето на субвенциите во земјоделството.

При тоа, со бесрамна реторика СДСМ понуди излитени фрази и магла со смешни амандмани кои ниту самите тие не беа во состојба да ги протолкуваат.

После неуспешното „работно лето“ со преспивање, а пред започнување на „чукањето на врати“, националната и идеолошка дезориентираност на СДСМ предизвикува безумие и нерационалност во нивните постапки, што е нивни проблем, но ние нема да дозволиме сето тоа да се пренесе во земјоделскиот сектор и врз македонските земјоделци.

Comments are closed.