Соопштение

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од развојот на настаните поврзани со таканаречените преговори во делот на пакетот кој се однесува на работата на медиумите.

Социјалистичката партија на Македонија најостро се спротивставува на предложениот Закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од страна на опозицискиот СДСМ, и најостро го осудува овој диктаторски упад во медиумската слобода и слободата на јавно изречениот збор.

Со овој предлог се разобличува СДСМ и самата го покажува своето вистинско апсолутистичко лице и партиското искривено поимање на демократијата и слободата.

Не помалку штететен за медиумската слобода е и предлогот на белгискиот таканаречен посредник во преговорите, памфлет од закон, преполн со дупки и недерочености, кој како законско решение не постои ниту во една европска земја.

Тој за нас е целосно неприфатлив, како што се неприфатливи и аргументите за наводната специфична ситуација во Република Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека е потребно да се применат препораките од Еу за либерализација на медиумите, а не да се врши скандалозна и невидена партизација на Агенцијата за медиуми и медиумите воопшто, кое го цениме како целосно недемократски и неприфатлив предлог.

За Социјалистичката партија на Македонија е неразумна намерата новинарите да се исфрлат од правото на учество во Советот на МРТВ и во Агенцијата за медиуми, како што овозможува постоечкиот концепт.

Уште помалку е прифатливо поставувањето на партиски послушници кои ќе им судат на медиумите, и ќе одлучуваат за македонските медиуми.

Сметаме дека ова претставува перфиден обид да се протурка предлог закон, оптеретен со сите нелогичности и недоречености, за покасно да се надополнува со рестриктивни формулации и можности за казни по волја на предлагачот, со што под партиска контрола целосно би се ставиле медиумите и новинарите во Македонија, спротивно на општествените и државните интереси.

Доколку воопшто се поставува прашањето кому му е потребен нов закон, кога сегашниот, во целосна координација со ЗНМ, е донесен пред само две години, како пример за либерален закон за медиуми, кој во ниту еден извештај на ЕУ и ОБСЕ не е оспорен неговиот квалитетот и соддржина, одговор даде самиот Зоран Заев соопштувајќи дека токму медиумите се најголемите политички непријатели на СДСМ, што претставува до сега невидена и безочна закана и отворен притисок кон медиумите, вклучувајќи го и јавниот сервис, кои не работат по нивната партиска директива или нивните потреби и желби.

Ставот на Социјалистичката партија на Македонија од своето постоење до денес е заложбата за слобода на изравувањето и објективното информирање и дека овој недемократски, нецивилизациски и неевропски закон не смее да се наметне, за што е потребно да се искористат сите демократски средства и гласот на новинарите, во што ја имаат безрезервната поддршка на Социјалистичката партија на Македонија.

Медиумите, односно новинарите ја претставуваат четвртата власт во секоја земја, која СДСМ во име на демократијата сака да ја стави под јарем, а со цел да ги замолчи и да ги контролира.

Цврсто сме убедени дека секој македонски граѓанин го дели нашиот став и дека слободната мисла, јавно изречениот збор и новинарите ќе ја добијат поддршка од јавноста.

Македонија е држава на слободни граѓани, кои својата тешко стекната слобода и демократија нема да дозволат да им ја одзеде една недемократска и тоталитарна политичка партија каква што е СДСМ.

Comments are closed.