СООПШТЕНИЕ

Поврзано со предложениот Закон за амнестија кој се разгледуваше на шестото проддолжение на 71-та Седница на Собранието на Република Македонија, оддржана на 12 ноември, Социјалистичката партија на Македонија реагира на изјавата на пратеникот Влатко Ѓорчев во која наведува дека само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласале за одбивање на предложениот закон.

Напоменуваме дека пратениците од редовите на Социјалистичката партија на Македонија во Собранието на Република Македонија гласаа против прифаќањето на доставениот Закон за амнестија.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека на овој начин ќе се запази интересот за објективно и изворно запознавање на јавноста со собраниското работење, донесувањето на одлуки и текот на гласање, поединечно за секој пратеник.

СПМ – Служба за информирање

Comments are closed.