Соопштение на СПМ

znak

Социјалистичката партија на Македонија внимателно ја следи актуелната состојба и обидот за реализацијата на сценариото за дестабилизација на државата инсценирано од страна на опозицијата.

Доколку не постои предмет за кој е потребно да се постигне договор, со оглед на конечниот резултат од разговорите, може да се заклучи дека посакувана политичка криза и нема.

Всушност, криза постои во самата опозиција, која ние не сме во можност да ѝ ја решаваме. За тоа потребно е да се погрижи самата опозиција.

Врз основа на анализите Социјалистичката партија на Македонија заклучува дека трите столба во државата редовно ги извршуваат своите законски обврски.

Владата на Република Македонија со оддржување на редовните седници, со донесувањето на одлуки, заклучоци, со предлагање на законски решенија и реализација на проектите во сите сфери во целост ја извршува должноста на извршна власт, добиена од македонските граѓани.

Собранието на Република Македонија, како највисок законодавен дом, заседава во полн состав и со учество и опзежните дискусии на пратениците на комисиските и пленарните собраниски седници непречено ги остварува уставните права и обврски во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Исто така, и судската власт, целосно реформирана, со независни извори на финансирање и со гарантиран независен статус на судиите ја извршува обврската во согласност со закон.

Воедно, сите министерства тековно и без застој ги извршуваат задолженијата во реализација на програмските проекти, при тоа на економски план постигнувајќи значајни резултати, признаени од меѓународните институции, бележејќи економски раст и стабилност во стопанството. Воедно, и останатите државни органи и институции непречено ги реализираат законските обврски и добиените задолженија.

Каде тогаш се гледа дестабилизацијата, освен во редовите на самата опозиција.

Затоа, Социјалистичката партија на Македонија ѝ дава целосна поддршка на Владата на Република Македонија и понатаму да продолжи со прогресот во клучните реформи, во економскиот просперитет на државата, обезбедувањето на инвестиции и отварањето на нови стопански капацитети и нови работни места, како и во остварувањето на предвидениот највисок раст на БДП во Европа за оваа година.

Comments are closed.