Соопштение

znak

Позврзано со последните настани и барањето од одредени политички субјекти за ангажирање на странци или експерти за надминување на внатрешните состојби во Република Македонија, Социјалистичката партија на Македонија енергично се спротивставува.

Во своето 70 годишно постоење како држава, Република Македонија ги има сите капацитети за решавање на проблемите во својот развој.

Ангажирањето на било кој од страна значи загрозување на суверенитетот и на државноста на Република Македонија.
Тоа претставува загрозување на слободата и правата на граѓаните загарантирани со Уставот, што не би го дозволила ниту една суверена држава.

Впрочем, Македонија и македонскиот народ имаат негативно историско искуство и памтење со посредништвото од страна на надворешни фактори или кога во негово отсуство се решавала иднината на Македонија, од Сан Стефанскиот договор, Берлинскиот договор, Букурешкиот договор, Париската конференција, Лисабонската декларација и последниот Охридски Рамковен договор.
Затоа, вклучувањето на странските таканаречени посредници може да доведе до дестабилизација на Република Македонија со далекусежни последици за македонскиот народ.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека Република Македонија може и понатаму исклучиво преку институциите на системот самата да ги решава и надминува проблемите кои што се јавуваат во нејзиниот демократски развој.

За сето тоа, постојат услови во еден демократски процес и преку парламентарниот систем, изразен преку волјата на народот, да се решаваат сите различни интереси и конфликти.

Доколку креаторите, домашини и надворешни, во создавањето на оваа состојба се надеваат на нејзино разрешување со граѓанска или меѓуетничка војна длабоко се излажале, народот нема да наседне на нивните провокации и ќе им даде одлучен одговор.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува политичките партии и останатите субјекти на трезвеност и одговорност во своето однесување во разрешувањето на оваа ситуација, во правец на заштита на националните и државните интереси.

Comments are closed.