Честитка до другарот Ципрас за победата на СИРИЗА

 

Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, другарот Љубисав Иванов – Ѕинго по повод победата на СИРИЗА на изборите во Република Грција испрати честитки до другарот Ципрас:

Почитуван другар Ципрас,
Со задоволство ја примивме веста за Вашата голема изборна победа.
Ја победивте политиката која Вашата ценета земја ја доведе до банкрот.
Примете ги нашите искрени честитки.
Искрено се надеваме Вашите изјави дека ќе свртите нова страница во историјата на Република Грција ќе станат реалност, ќе ја извлечете од длабоката криза во која таа западна. Надежите на работничката класа и на народот нема да ги изневерите.
Другар Ципрас, со задоволство ги следевме вашите изјави во предизборната активност и пред тоа за градењето на добрососедските односи. На тој план во Социјалистичката партија на Македонија, која е дел од Владината коалиција. Како досега, така и во иднина ќе имате искрен пријател и партнер во надминување на проблемите што ги оптеретуваат односите помеѓу нашите две земји.
Ние сме подготвени активно да работиме на создавање на клима на взаемна доверба и разбирање во интерес на прогресот на нашите две земји и стабилноста на Балканот.
Со изрази на почит, примете ги нашите срдечни поздрави.

Comments are closed.