СПМ згрозена од хаосот што го создаде опозицијата

Социјалистичката партија на Македонија е згрозена од случувањата пред и во Собранието на Република Македонија.

Хаосот што го создава опозицијата со најпримитивни средства е надвор од демократијата и функционирањето на правната држава.

Недозволиво е физички да се атакува на претседател на Собрание кој ја претставува парламентарната демократија во секоја земја.

СПМ жестоко ги осудува сите организирани појави на насилство кои можат да нанесат несогледливи штети и последици по угледот на земјата.

Неодговорно е однесувањето на опозиционите лидери под чија палка се одвива оваа хаотична состојба. Неможејќи да го поднесат нискиот рејтинг и поразот што им претстои на локалните избори, се одлучија да го жртвуваат сопствениот народ и државата да ја турнат во хаос.

Народот нема да потклекне на таквите провокации и нема да дозволи да се загрози тешко здобиената македонска државата и нејзината демократија.

Ги повикуваме институциите на власта да ги превземат сите легитимни средства за да се одржи редот и мирот во државата.

СПМ повикува на смиреност и решавање на сите прашања преку институциите на системот и парламентарната демократија.

Comments are closed.