Category Archives: Активности

Раководството на СПМ во работна посета на ОО на СПМ – Куманово

Раководството на Социјалистичката Партија на Македонија вчера одржа работна посета со раководството на Општинската Организација на СПМ Куманово. Во партиските простории во Куманово се разговараше за престојните претседателски избори, можноста за вонредни парламентарни избори, како и за локалните проблеми. Раководството на О.О. Куманово ја истакна спремноста на членството на Општинската Организација за престојните избори, зголемувањето на бројноста на членството, како ... Read More »

СПМ го поздравува донесувањето на Законот за минимална плата

Социјалистичката Партија на Македонија со задоволство го поздравува донесувањето на Законот за минимална плата со кој се предвидува од март годинава минималната плата да се зголеми од сегашните 8.050 денари на 8.800, во март 2015 година на 9.590 денари, а во март 2016 година на 10.080 денари. Вкупното зголемување на минималната плата ќе биде за 25,2 проценти со што ќе ... Read More »

Работни активности на СПМ

Во рамките на редовните активности на Социјалистичката Партија на Македонија, во изминатите три дена Претседателството на СПМ ги посети општинските организации на СПМ од Велес, Битола и Чешиново-Облешево. На одржаните состаноци Претседателството на СПМ непосредно ги информираше членовите на општинските организации за активностите превземени во насока на мобилизирање и припремање на членството за претстојните Претседателски избори. Членовите од општинските организации ... Read More »

Министерот Димовски во посета на Чешиново – Облешево

Продолжувајќи со подобрување на животот на граѓаните и исполнување на предизборната коалициона програма Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски присуствуваше на започнувањето на проектот за изградба на канализациона мрежа во село Кучичино во должина од 6.900 метри во износ од 16.911.276,00 денари во општина Чешиново – Облешево. За развој на руралните средини во Република Македонија, Владата во последните ... Read More »

Министерот Љупчо Димовски во посета на Ресен

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски вчера во селото Долна Бела Црква го означија почетокот на изградба на фекална канализација во вредност од 10 милиони денари. Министерот Димовски и градоначалникот Стрезовски исто така во селото Крани го означија почетокот на изградбата на секундарната мрежа за наводнување во реонот на Долна Преспа ... Read More »

Прес на СПМ во врска со посетата на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска во Брисел

Како што се приближуваат Претседателските избори и отворените можности за вонредни Парламентарни избори, опозициската партија СДСМ се повеќе ја фаќа паника. Свесна за поразот што ќе го доживее и за последиците од тоа за нејзиното натамошно опстојување на политичката сцена во Македонија, спасот започна да го бара надвор од земјата во тајни мисии. Имајќи ги во предвид позитивните сигнали и ... Read More »

Интервју со Љубисав Иванов – Ѕинго

(објавено во неделник Република бр. 66, 6 дек 2013) Како се чувствувате како пратеник со најдолг стаж не само во овој дел од Европа туку, можеби, и во целиот свет? Ѕинго: Да бидеш прав пратеник е чест и задоволство, посебно ако си директно избран од гласачите и ако си победил убедливо во фер и демократски избори со своите идеи преточени во ... Read More »

Трибина на форумот на жени на СПМ на тема “Улогата на СПМ за социјален развој и родова рамноправност”

Форумот на жени на СПМ оддржа трибина на тема “Улогата на СПМ за социјален развој и родова рамноправност” на која што зборуваше проф. д-р Јован Пејковски. На трибината која се оддржа во Кратово присуствуваа над 240 членови на СПМ. Превземи го излагањето на проф. д-р Јован Пејковски: Социјален развој и родова рамноправност Read More »

Митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ – Македонски Брод

На 14 март 2013 година Коалицијата „За подобра Македонија“ одржа митинг во општина Македонски Брод. На митингот зборуваше извршниот секретар на Социјалистичката партија на Македонија другарот Малиша Станковиќ . Read More »

Митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ – Прилеп

На 12 март 2013 година Коалицијата „За подобра Македонија“ одржа митинг во општина Прилеп. На митингот зборуваше генералниот секретар на Социјалистичката партија на Македонија Љупчо Димовски. Read More »