Category Archives: Активности

Средба со ОО на СПМ – Кичево

Координаторот на изборна единица 5 и воедно Потпретседател на СПМ Јован Лазаров, на 15.02.2014 година одржа средба со Општинскиот Одбор на СПМ во Кичево. Главна тема на одржаниот разговор беа претстојните Претседателски избори, како и можноста за Вонредни парламентарни избори. Потпретседател на СПМ Јован Лазаров го информираше членството за превземените активности на централно ниво за претстојните избори. Воедно зборуваше и ... Read More »

Координаторот на Изборна единица 5 во посета на Охрид и Струга

Вчера Координаторот на изборна единица 5 и воедно Потпретседател на СПМ Јован Лазаров, одржа средби со Општинските Одбори на СПМ во Охрид и Струга. Главна тема на одржаните разговори беа претстојните Претседателски избори, како и можноста за Вонредни парламентарни избори. Потпретседателот на СПМ Јован Лазаров го информираше членството за превземените активности на централно ниво за претстојните избори. Побара поголема мобилизација ... Read More »

Средба во ОО на СПМ – Македонски Брод

Во сабота 15.02.2014 година се одржа состанок во партиските простории на Општинската Организација СПМ на Македонски Брод. На состанокот присуствуваше и пратеникот од СПМ Малиша Станковиќ, воедно и Координатор на Иаборна единица 1. Во своето излагање пред членовите на Општинскиот Одбор на СПМ Малиша Станковиќ зборуваше за значењето на претстојните Претседателски избори, како и за можноста за одржување на вонредни ... Read More »

Координаторот на Изборна единица 1 во Карпош

На 14.02.2014 година, се одржа состанок на Општинскиот Одбор на Карпош во присуство на Извршниот секретар и Координатор на изборна единица 1, Малиша Станковиќ. На состанокот се дискутираше за претстојните Претседателски избори, како и за можните вонредни парламентарни избори. Членствите на Општинската Организација се свесни за значењето на претстојните избори. Превземени се сите подготовки за мобилизација на целокупното членство на ... Read More »

Трибина на Форумот на жени на СПМ и ОО на МСМ – Кратово за злоупотреба на дрога

На иницијатива на Форумот на жени на Социјалистичката партија на Македонија и младите социјалисти од Кратово, завчера во Кратово, во хотелот Кратис, се одржа трибина за злоупотребата на дроги, особено кај младата популација. По поздравниот говор на Гордана Накова, мед.сестра Катерина Лазарова одржа едукативно предавање за дрогата „екстази“, една од поефтините, но многу опасни дроги кои се користат на маратонските ... Read More »

Започна предвремена исплата на субвенциите за тутунарите

Тутунарите позитивно изненадени. СДСМ уште повеќе. Нивните теории повторно паѓаат во вода за среќа на тутунарите во Република Македонија. Во услови на сè уште незавршен откуп, почна исплатата на субвенциите за тутунот од минатогодишната реколта порано од законски определеното – крајот на јуни. Исплатата на субвенциите за предадениот тутун почна во Прилепскиот и Велешкиот регион. Производството на тутун од ланската ... Read More »

Лозарите со исплатени субвенции

Уште еден факт контра тезите на СДСМ поврзани со земјоделието. Овојпат тема се субвенциите. Исплатени се преку 380 милиони денари финансиска поддршка за одржување на лозовите насади. Субвенциите кои беа ветени се веќе на трансакциските сметки на лозарите. – Задоволство ми е што токму на нашиот заеднички, а пред се нивен празник Св. Трифун, лозарите ја имаат можноста да си ... Read More »

Работен состанок во Пробиштип

Во просториите на Општинската Организација на СПМ Пробиштип се одржа редовен состанок на Општинскиот Одбор. На состанокот беа присутни и Потпретседателот на СПМ другарот Михаил Цветков и Заменик министерот за здравство од редовите на СПМ другарот Јовица Андовски. На состанокот се истакна дека за Координатор на изборна единица 3, во која спаѓа и општина Пробиштип е задолжен Михаил Цветков. Во ... Read More »

Министерот Димовски во посета на Пехчево

Ветувањата дадени во предизборната коалициона програма се реализираат со несмален интензитет согласно со предвидената динамика на Владата на Република Македонија. Денеска започнаа работите на паркот „Езерце“ во Пехчево и на изградбата на улици во селата Умлена, Чифлик и Негрево, со вкупен износ од 4.746.685,00 денари. На настанот присуствуваше министерот Димовски кој рече дека за таа цел преку Програмата за рурален ... Read More »

СПМ со поддршка за Законот за материјално обезбедување на невработени лица

Социјалистичката Партија на Македонија со особено задоволство го поздравува вчерашното донесување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година. Со Законот ќе бидат опфатени оние лица кои останале без работа како резултат на приватизација на компанијата која била во државна или доминантна државна сопственост ... Read More »