Македонија и ФАО потпишаа Договор за поддршка во управувањето со државното земјоделско земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и Фернанда Гуериери од Организацијата за земјоделство и храна на ОН (ФАО) денеска потпишаа Договор за почнување на Проектот за поддршка во управувањето со државното земјоделско земјиште.
Намаленa партиципацијата за студирање на државните универзитети
Владата на синоќешната седница одлучи значително да ја намали партиципацијата за студирање на државните универзитети и утврди највисокиот износ за кофинансирање на студиите да биде 400 евра, наместо досегашните 1.200 евра.
Нема неправилности во Злетовица, СДСМ станаа досадни
СДСМ се веќе проѕирни и досадни. Нека ги прифатат фактите и нека престанат да фабрикуваат афери и онаму каде што ги нема, само затоа што немаат конкретни идеи, велат од Социјалистичката партија. Во работењето на Хидросистемот Злетовица, нема неправилности.
Демант на информациите изнесени од весникот "Дневник"
Социјалистичката партија на Македонија сака да ја информира македонската јавност дека текстот изобилува со разни шпекулации, невистини и манипулации кои ги носат во заблуда граѓаните на Македонија.
СПМ дел од "Ден на дрвото"

Денес во 10 часот, дел од претседателството на Социјалистичка партија на Македонија и градскиот одбор на Млади социјалисти на Македонија, ќе извршат пошумување како дел од акцијата "Ден на дрвото". Пошумувањето ќе се одржи на средно Водно.
Неосновани и злонамерни нападите за ХС Злетовица

Нападите на СДСМ се неаргументирани, неосновани, тенденциозни и злонамерни, вели директорот на Хидросистемот Злетовица, Стојан Миланов.
Фаза 1 ќе биде завршена до крајот на годината, а веќе се обезбедени пари и за фазите 2 и 3 од изградбата.
СПМ ги отфрла наводите на СДСМ за проектот „Злетовица“
Социјалистичката партија на Македонија денеска на прес-конференција ги отфрли вчерашните наводи на СДСМ во врска со проектот „Злетовица“ како неосновани, тенденциозни и злонамерни.
8ми Конгрес на Младите Социјалисти
На 17ти Април, Младите Социјалисти ќе го одржат својот 8ми Конгрес во хотелот Холидеј Ин. На конгресот ќе биде избрано новото раководство, ќе се донесе двогодишна програма за дејствување и ќе се изврши ребрендирање на МСМ со ново лого, химна и спот.
Почнува да се решава проблемот со јаболката
Продолжија работните средби на другарот и министер Љупчо Димовски со производителите на јаболка од Преспа. По денешната средба, овоштарите изразија задоволство од решенијата кои што беа понудени од страна на ресорното Министерство за земјоделство за решавање на проблемот со пласманот со јаболкото, односно со измената на Програмата за субвенционирање за годинава.
Во неа, како што и беше побарано од страна на земјоделците зголемен е износот на поддршката за оваа категорија овоштари. Со нејзината пренамена тие наместо 18, за одршување на насадите ќе добијат по 42.700 денари за хектар.
Тутунарите задоволни од откупот на тутунот
Ова е еден од заклучоците од денешната средба на тутунарите со другарот и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
