Средба на министерот Димовски со тускиот амбасадор Окчал

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство наскоро ќе го потпише протоколот за соработка со Министерството за земјоделство и рурален развој на Република Турција со што и на институционално ниво ќе се интензивира воспоставената соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. Ова го најави  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, неговата екселенција Аслан Хакан Окчал, по повод  завршувањето на неговиот мандат.

-Република Турција е голем производител, но и  голем пазар со можност за пласман на одредени земјоделски производи кои се за нас стратешки. Република Турција е нашиот искрен пријател и поддржувач и во областа на земјоделството и затоа изразуваме благодарност за досегашната соработка и поддршка, со убедување дека воспоставените односи ќе продолжиме  да се развиваат и со новиот амбасадор на Република Турција во Република Македонија - рече министерот Димовски.

Меѓу Република Турција и Република Македонија постои интензивна соработка на сите полиња и таа треба да продолжи да се развива, истакна амбасадорот Окчал, заблагодаруваќи му се на министерот Димовски за досегашната соработка и поддршка.

Контакт

ул. 11 Октомври бр. 17
1000 Скопје

телефон контакт:
02/ 32 28 015
02/ 31 17 603

факс:
02/ 32 20 025

електронска пошта (e-mail):
contact@spm.org.mk

Превземања

Химна на МСМ
Ајде биди социјалист
 
Позадина МСМ
Позадина 1440х900

Социјални мрежи

Посетители