СПМ го повтори ставот за неменување на уставното име
Опозицијата да престане со притисоците за промена на името, бидејќи тоа им служи само на грчките интереси, порачуваат од Социјалистичката партија на Македонија.
За нив рекациите на опозицијата по говорот на премиерот Груевски на последната партиска прослава на ВМРО - ДПМНЕ се дрски и нецивилизациски притисоци од кои освен тие самите, никој друг нема да има корист.
Социјалистите го охрабруваат премиерот да остане на ставот дека Македонија ќе го прифати само она име кое нема да биде против македонските интереси.
СПМ ги повикува сите политички партии и нивните лидери со личен пример активно да се вклучат во одбрана на уставното име и националниот идентитет и заедно да работат во интерес на македонскиот народ.