Спомен-биста на Васил Главинов на иницијатива на СПМ
По иницијатива на Социјалистичка партија на Македонија, општината Центар ќе постави спомен-биста, на Васил Главинов, истакнат борец за национални и социјалистички права.
Бистата изработена од бронза ќе биде поставена во паркот позади Градската болница, на влезот на зградата на Социјалистичка партија.
Споменикот ќе биде на постамент од еден квадратен метар, со висина од 1,8 метри а парите за изработка и поставување ќе ги обезбеди СПМ.