Нема неправилности во Злетовица, СДСМ станаа досадни

СДСМ се веќе проѕирни и досадни. Нека ги прифатат фактите и нека престанат да фабрикуваат афери и онаму каде што ги нема, само затоа што немаат конкретни идеи, велат од Социјалистичката партија. Во работењето на Хидросистемот Злетовица, нема неправилности.

СПМ пред 2 недели аргументираше за правилното работење при изградбата на хидросистемот и за стручноста на компанијата Силекс, која со оваа работа се занимава од 1954 година, но опозицијата и понатаму не ги гледа фактите, велат социјалистите.
 
- На јавноста и беа дадени сите аргументи околу изградбата на хидросистемот. СДСМ воопшто не се осврнува на тие факти, туку и натаму настојува да ги дискредитира премиерот Груевски, компанијата СИЛЕКС, Социјалистичката партија и нејзиниот лидер. Прво измисли дека таму имало криминал, а сега дека компанијата СИЛЕКС не била компетентна - стручна за работа на ХС Злетовица - вели Малиша Станковиќ, Портпарол на СПМ.
 
Од СПМ уште еднаш објаснија дека всушност се работи за еден од најголемите криминали што сакале да го направат социјалдемократите, и 10 милиони евра да завршат во приватн џебови на поеднинци на СДСМ.
- СПМ добро знае што ги боли СДСМ, провизијата што ја изгубија давајќи им го проектот на странска фирма за сума од 36 милиони евра, одлука која оваа Влада ја поништи и проектот беше даден на домашна фирма за сума од 26 милиони евра. Секој граѓанин на оваа држава сигурно ќе се запраша каде требаше да оди оваа разлика - вели Станковиќ.
 
Изградбата на хидросистемот се врши предвремено и успешно. Фаза 1 ќе биде завршена до крајот на годинава, а веќе се обезбедени пари и за фазите 2 и 3 од изградбата. Тоа ги демантира обвинувањата на СДСМ, кој се само обична манипулација, објаснуваат од СПМ.
 
- Несериозно е сега кога работите на хидросистемот се завршуваат предвремено и успешно да се излегува со вакви манипулации. Исто така е неприфатливо да СДСМ го оспорува правото на компанијата Бетон, да го избере Силекс за подизведувач, со кое право СДСМ се меша во деловните односи помеѓу две компании - вели Малиша Станковиќ.
 
Социјалистичката партија повторно ги повика социјалдемократите да излезат од своите канцеларии и на лице место да видат како се гради хидросистемот и да се напијат од квалитетната вода прочистена преку филтер станиците во Кратово и Свети Николе.
 
- Ги  повикуваме господата од СДСМ со своите експерти да излезат од нивното дувло и да одат на терен да видат што и како се работи на проектот ХС Злетовица и да престанат да ја замајуваат нашата јавност со нивните евтини приказни, да ги видат милионите тони изваден камен, двата изградени тунели, вертикалните рударски простории и слично - додава Станковиќ.
 
Социјалистите им порачаа на социјалдемократите дека со нивните подли обиди нема да успеат да ги поткопаат темелите на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СПМ.

Превземања

Химна на МСМ
Ајде биди социјалист
 
Позадина МСМ
Позадина 1440х900

Контакт

ул. 11 Октомври бр. 17
1000 Скопје

телефон контакт:
02/ 32 28 015
02/ 31 17 603

факс:
02/ 32 20 025

електронска пошта (e-mail):
contact@spm.org.mk

Социјални мрежи

Посетители