Неосновани и злонамерни нападите за ХС Злетовица

Нападите на СДСМ се неаргументирани, неосновани, тенденциозни и злонамерни, вели директорот на Хидросистемот Злетовица, Стојан Миланов.

Фаза 1 ќе биде завршена до крајот на годината, а веќе се обезбедени пари и за фазите 2 и 3 од изградбата.

- Јапонците не се повлекоа од проектот. Со Јапонците нашата Влада има направено договор само за фаза 1. Јапонците си остануваат и целосно ќе ја кредитираат фаза 1 и констатацијата на СДСМ е тотална лага, необјективна, неоснована, бидејќи велат дека ќе бараме дополнителни средства. Не. Средства има доволно и ние строго наменски и домакински ги користиме - изјави Стојан Миланов, директор на ХС “Злетовица”.
 
Миланов објаснува дека Социјалдемократите им оставиле многубројни проблеми и незаконитости, а сега ја напаѓаат нивната успешност. Во 2006 година СДСМ распишале тендер за пакет 2 без изготвен основен проект, не знаеле што ќе градат. Распишале тендер за водоснабдување на Пробиштип и Злетово, а не го санирале пробиштипскиот цевковод, вели Миланов. Го уништиле и кратовскиот цевковод.
 
Директорот е горд на работата на Јавното претпријатие кое изградило голем број објекти што им го подобруваат животот на над 100 илјади граѓани.
 
- Ние успеавме за овие 3 години да го направиме зафатот за Штип и Свети Николе и да изградимне цевковод во должина од 57 км. Значи, го изградивме цевководот до Свети Николе и Светиниколчани го знаат тоа. Го изградивме исто трака цевководот Балван – Штип, и Штипјани тоа го знаат. Го изградивме зафатот за Пробиштип и Злетово. Многу е необјективно и срамно за тоа господин на прес-конференција на СДСМ да каже дека водата што ја испорачува Хидросистемот Злетовица е нечиста - вели Миланов.
 
Доказ за успешната работа на “Злетовица” е и писменото признание од Јапонците, во кое се импресионирани од прогресот на проектот.
 
- Јапонците прават надзор на 100 објекти во светот и нашиот објект е на второ место на нивната ранг-листа.  Неосновано е твредењето дека како подизведувач не е номиниран Силекс од Јапонците. Еве Одобрение на Силекс ДООЕЛ – Кратово. Силекс веќе 70 години го работи ова - дециден еМиланов,директор на ХС “Злетовица”.
 
Во врска со обвинувањата на СДСМ за проневера на 70 милиони евра во Хидросистемот, раководството го покренува прашањето, ако навстина се случила таа малверзација, од каде пари за извршување на сите овие градби и со кои пари биле исплатени изведувачите.

Превземања

Химна на МСМ
Ајде биди социјалист
 
Позадина МСМ
Позадина 1440х900

Контакт

ул. 11 Октомври бр. 17
1000 Скопје

телефон контакт:
02/ 32 28 015
02/ 31 17 603

факс:
02/ 32 20 025

електронска пошта (e-mail):
contact@spm.org.mk

Социјални мрежи

Посетители