СПМ ги отфрла наводите на СДСМ за проектот „Злетовица“

Социјалистичката партија на Македонија денеска на прес-конференција ги отфрли вчерашните наводи на СДСМ во врска со проектот „Злетовица“ како неосновани, тенденциозни и злонамерни.

Во напорот за фабрикување теми, СДСМ успеа да најде политика и во хидросистемот „Злетовица“, изјави портпаролот Малиша Станковиќ според кого ова е најдобриот проект на Владата.

Компанијата „Силекс“, додаде тој, уште во 1984 година изгради грандиозен водовод за Кратово во чија изградба се откажаа сите реномирани градежни компании. За изградбата на водоводот „Силекс“ има вложено 40 милиони евра од кои 20 од сопствени извори, а 20 милиони евра кредити од банки.

Власта што ја практикуваше СДСМ, како што рече Станковиќ, единствено што направи е врз голем дел на кратовскиот цевковод да изгради пат и постави асфалт причинувајќи му штети на кратовскиот водовод.

Голема лага, вели портпаролот на СПМ, дека хидросистемот „Злетовица“ не може да се заврши заради недостиг на средства и дека Јапонците ги повлекле своите пари. Напротив, проектот е во завршна фаза и сите средства се на располагање.

СДСМ вчера на прес-конференција ја повика власта да го доврши проектот за изведба на Хидросистемот Злетовица, кој треба да обезбеди вода за пиење за стотина илјади жители на Кратово, Пробиштип, Карбинци, Лозово и Штип, и да испита дали во него постои корупција и злоупотреба на моќта.

Превземања

Химна на МСМ
Ајде биди социјалист
 
Позадина МСМ
Позадина 1440х900

Контакт

ул. 11 Октомври бр. 17
1000 Скопје

телефон контакт:
02/ 32 28 015
02/ 31 17 603

факс:
02/ 32 20 025

електронска пошта (e-mail):
contact@spm.org.mk

Социјални мрежи

Посетители