Конференција на младите социјалисти
На конференција пред присутните гости од земјава и странство се обрати претседателот на СПМ Љубисав Иванов Ѕинго, како и претседателот на Младите социјалисти Малиша Станковиќ.
На конференцијата беше констатирано дека младите од Балканот имаат слични погледи, ставови и стремежи, тие се за просперитет на регионот на кој припаѓаат и во целина на европскиот континент. Европската унија е цел кон која Македонија и земјите од Балканот се ориентирани и кон која природно припаѓаат.
Беа донесени и повеќе заклучоци меѓу кои и тоа дека младите социјалисти остануваат посветени на европската идеја и натаму се подготвени да опстојат во реализација на стратешките цели и интереси.
- Разните алтернативи кои се нудат како решенија за одделни наметнати проблеми не ги компензираат предностите и вредностите кои постојат во ЕУ и кои ги споделуваат и младите. Евроскептицизмот не наоѓа соодветна почва и не соодветствува на огромното мнозинство граѓани кое е проевропско и дава поддршката за европската опција - стои во заклучоците од конференцијата на МСМ.
Тие изразија подготвеност за взаемна соработка за реализација на целите, принципите и вредностите што произлегуваат од евроинтеграциските процеси, како И подготвеност овие идеи да ги споделат во средините каде работат.