Младите без предрасуди

Младите балкански социјалисти немаат национални предрасуди и не им робуваат на националистичките стереотипи. Се разбира, исклучок се младинците на владеачката партија во Република Грција, кои ја пропуштија регионалната конференција во организација на младите социјалисти на Македонија заради страв од свинскиот грип.

“За жал, заради актуелните случувања околу спорот со името, тие не дојдоа на оваа конференција. Беа поканети и од ПАСОК и од Синасписмос, но ни рекоа заради не доаѓаат заради епидемијата на новиот свински грип”, вели Стојан Христовски, потпретседател на Младите социјалисти на Македонија.

Младите од Панхеленската социјалистичка партија пропуштија уште една шанса да ги чујат заложбите на своите врсници од  регионот, особено на нивните македонски врсници блиски по идеологија.

“Ние како партија, и посебно како млади социјалисти се залагаме за влез на Македонија во ЕУ, но под истите услови кои важеа и за останатите аспиранти. Името Република Македонија да не се менува. Да не се менува ниту идентитетот и јазикот, зошто на тој начин ќе се биде избришана сета наша историја,” вели Христовски.

Младите социјалисти од Македонија, Бугарија, Турција, Србија уште еднаш потврдија дека ги делат истите, европски соништа. Ефектите за младиот човек во пристапувањето на земјите во Европската Унија беше темата на која дебатираа, а за  која ќе имаат уште повеќе мотив да разговараат по стапувањето на сила на визната либерализација на 19 овој месец.

“Беше донесен и заклучок дека ние, младите за сите прашања и сите проблеми ќе разговараме и взаемно ќе се почитуваме,” додава Христовски.

Освен размена на мислења, искуства и дружење, младите социјалисти од регионот договорија и пролетни кампови, на кои повторно ќе дебатираат, можеби и со своите грчки колеги.

Превземања

Химна на МСМ
Ајде биди социјалист
 
Позадина МСМ
Позадина 1440х900

Контакт

ул. 11 Октомври бр. 17
1000 Скопје

телефон контакт:
02/ 32 28 015
02/ 31 17 603

факс:
02/ 32 20 025

електронска пошта (e-mail):
contact@spm.org.mk

Социјални мрежи

Посетители