Тутунарите задоволни од откупот на тутунот

Ова е еден од заклучоците од денешната средба на тутунарите со другарот и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

- Во 2009 година се откупени 22.000 тони што е повеќе од планираното за 2.000 тони. Можеме да бидеме задоволни од квалитетот на предадениот тун и од денеска да почнеме да се координираме со производителите за следната реколта. Ги договоривме чекорите што заеднички ќе ги преземеме во наредниот период за поефикасно организирање што ќе биде гаранција дека и оваа година ќе ги имаме резултатите од лани, изјави Димовски по средбата.

 

Тутунарите кои изразија особено задоволство од работата на министерството и на  инспекторатот, рекоа дека сепак ќе бараат повисока откупна цена за 10 до 15 проценти. Сметаат дека типот „басмак“ не смее да биде под 230 денари,наспроти сегашната просечна цена од  205 денари за килограм.

- Ако сите идни години бидат како оваа во однос на откупот, ќе бидеме презадоволни. Државата првпат го спроведе Законот на терен, инспекторатот беше присутен постојано, 24 часа, откупувачите беа коректни, но и ние ја исполнивме нашата обврска - предадовме квалитетен тутун. Сега ги очекуваме субвенциите кои годинава се рекордни и изнесуваат 60 денари за килограм, рече Живко Тасевски, секретар на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите.

Превземања

Химна на МСМ
Ајде биди социјалист
 
Позадина МСМ
Позадина 1440х900

Контакт

ул. 11 Октомври бр. 17
1000 Скопје

телефон контакт:
02/ 32 28 015
02/ 31 17 603

факс:
02/ 32 20 025

електронска пошта (e-mail):
contact@spm.org.mk

Социјални мрежи

Посетители