Tag Archives: Михаил Цветков

Цветков присуствуваше на порибување на Охридското Езеро со пастрмка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков денеска во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка. – Согласно Законот за рибарство и аквакултура обврска на државата е порибување на природните езера, од што најголемо внимание посветуваме на Охридското Езеро и зачувување на охридската пастрмка, рече Цветков, истакнувајќи дека за таа намена оваа ... Read More »

Преземени се максимални мерки за непречен откуп на оризот и пченицата

Секој земјоделец што има непродадена оризова арпа и ги предаде количините во откупните центри до 31 јули ќе биде дополнително субвенциониран – со пет денари за килограм ако има до два хектара производство, со четири денари ако има до 10 хектари производство и со три денари ако има над десет хектари, соопшти денеска ресорниот министер Михаил Цветков. Одговорајќи на пратенички ... Read More »

Цветков: Обвинувањата на СДСМ се неосновани, нема причина да поднесам оставка

  Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска пред пратениците рече дека нема да поднесе оставка зашто сите обвинувања од опозицијата против него се неосновани и злонамерни. – Не планирам да поднесам оставка и не гледам причина за тоа, истакна Цветков, одговорајќи му на Панче Орцев од СДСМ, кој на собраниската седница праша кој ќе понесе одговорност за ... Read More »

Цветков: Со владините мерки ќе се зголемува производството на млеко и млечни производи

  Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, денеска направи увид во изградбата на краварската фарма во близина на Струга. Фармата е на површина од 1.000 метри квадратни, во неа ќе бидат сместени 35 молзни крави, а инвестицијата во вредност од 400 илјади евра е на стружанецот Беким Каба. Министерот Цветков посочи дека проектот се реализира со средства од ... Read More »

Министерот Цветков го пушти во употреба системот капка по капка за производство на ориз

  Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на пригоден начин на оризовите полиња во кочанско го пушти во употреба системот капка по капка за производство на ориз. Со тоа беше означен стартот на проектот „Одржливо производство на ориз во кочанско“, кој е во рамките на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, ... Read More »

Органското производство ќе се развива со швајцарска помош

Македонија и Швајцарија ќе ги координираат заедничките активности кои водат кон раст на органскиот земјоделски сектор во Македонија преку воспоставување на врска помеѓу органските производители и потрошувачите, зголемување на свеста за придобивките од органски производи и зајакнување на довербата на потрошувачите. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и директорката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост на швајцарската ... Read More »

Поставен камен темелник на нов откупно-дистрибутивен центар во Општина Илинден

  Органски произведени овошје и зеленчук од Македонија ќе извезува на европскиот пазар турската компанија Атајмач која денеска почна да гради откупно-дистрибутивен центар во индустриската зона во општина Илинден. Вкупната инвестиција во откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук ќе изнесува 10 милиони евра и ќе бидат отворени 100 работни места, истакна инвеститорот Атај Мач при денешното поставување камен темелник во ... Read More »

Цветков: Приоритет искористувањето на средствата од ИПАРД

  Искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата е највисок приоритет на Владата и веќе се преземени соодветни мерки за нивна зголемена апсорпција: отворање Гарантен фонд, субвенционирање банкарска камата, изготвување типски проекти, намалување на критериуми и отворање канцеларии за подготвување апликации, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков пред промоцијата на твининг-проектот за јакнење на капацитетите на Платежната агенција, ... Read More »

Министерот Цветков на манифестацијата „Свети Трифун“ во Кавадарци

  Најголем проблем за лозарите е исплатата на грозјето кое со закон треба да се плати во рок од шест месеци. Има барање од лозарите рокот да се намали за кој и ние како Министерство мислиме дека е предолг. Ќе гледаме да се најде рок, кој ќе биде задоволувачки и за лозарите и за винарите. Ова го изјави министерот за ... Read More »

Интервју на министерот Михаил Цветков за МИА

Министре, како ја оценувате изминатата 2015 година? – Имајќи ги предвид остварените резултати и покрај лошите временски услови, врнежите и поплавите во почетокот на годината, задоволен сум како ја завршивме 2015-та. Штети од поплавите изминатата пролет беа најмногу предизвикани врз поледелските култури зашто есента 2014-та беше многу сушна и земјоделците не можеа да ги заораат нивите. Поплавите особено го зафатија ... Read More »