Tag Archives: Михаил Цветков

Отворен македонскиот павилјон во Зоната за слободна трговија во Шангај

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков свечено го отвори македонскиот национален павилјон во Зоната за слободна трговија во Шангај. Павилјонот е постојан изложбен простор за македонските земјоделско прехранбени производи во Шангај. За време на свеченоста беше промовирано и македонското вино и беа претставени потенцијалите на овој сектор. Во разговорите со високите претставници на бесцаринската зона за следниот период ... Read More »

Министерот Цветков во Кина за промоција на македонското земјоделство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантво Михаил Цветков од денеска до 6 ноември престојува во работна посета на Народна Република Кина. Цветков ќе го отвори Македонскиот национален павилјон во Шангајската безцаринска зона во кој постојано ќе бидат изложени производи на околу 20 компании од земјоделско – прехранбениот сектор од Република Македонија. Како што соопшти МЗШВ, врз основа на претходно потпишаниот ... Read More »

Две банки и две штедилници се приклучија кон земјоделскиот Гарантен фонд

Уште две банки, Комерцијална и Стопанска – Битола, како и две штедилници, Фулм и Можности, се приклучија кон Гарантниот фонд за кредититирање во земјоделството. Како што беше речено денеска на прес-конференција во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), за полесно одобрување на кредитите, штедилниците и банките, вклучувајќи ја и Прокредит која од почетокот работи со Гарантниот фонд, го потпишаа ... Read More »

Младите земјоделци заинтересирани за мерките против климатските промени

  Помладите земјоделци се заинтересирани за користење на мерките за адаптација кон климатските промени и делуваат проактивно во оваа насока, додека постарите даваат своевиден отпор, сметајќи дека инвестицијата во потребната технологија ќе ја зголеми цената на крајниот производ, беше речено на денешниот промотивен настан од проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“. Според Кирил Ристовски од Центарот за еколошка демократија ... Read More »

Субвенции од два денара за килограм за откупено грозје „смедеревка“

Винарските визби кои ќе откупат грозје од сортата „смедеревка“ ќе добијат субвенции од два денара за килограм. Мерката е донесена на вчерашната владина седница и со неа се очекува да бидат откупени преостанатите количини од оваа сорта. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска на прес-конференција истакна дека според нивните сознанија не се собрани уште 20 до 30 ... Read More »

Почна бербата на Преспанското јаболко

Со симболично откинување на првото јаболко на овоштарникот на Свислион Агроплод денеска, на верскиот празник Крстовден, официјално почна годинашната берба на Преспанското јаболко во рамки на манифестацијата „Преспански јаболкобер“. Традиционалниот почеток на бербата го означија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски. Поради ниските температури кои го зафатија Преспанскиот регион на крајот ... Read More »

Субвенции од три денари за килограм откупено грозје „вранец“

  Субвенции од три денари по килограм откупено винско грозје во 2016 година, за количини кои се над 60 проценти, но не повеќе од 130 отсто во споредба со ланските откупени количини од сортата „вранец“, за винарските визби, најави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Оваа одлука, според министерот, е донесена по средбата со винариите на која информирале ... Read More »

Министерска конференција за болеста јазлеста кожа

  Министрите од 19 земји од регионот ги прифатија заклучоците од „Министерската конференција за болеста јазлеста кожа“, која вчера и денеска се одржа во Софија (Бугарија), а на која учествуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Михаил Цветков. На конференцијата организирана од Министерството за земјоделство и храна на Република Бугарија во соработка со Европската комисија, присуствуваа ... Read More »

Македонија и Бугарија заедно ќе извезуваат земјоделски производи во Кина

  Бугарија и Македонија ќе соработуваат во извоз на земјоделски производи за кинескиот пазар, изјави министерот за земјоделство Михаил Цветков по средбата во Софија со бугарската колешка Десислава Танева. Според Цветков, Македонија и Бугарија тешко ќе можат самостојно да извезат свежо овошје и зеленчук во Кина поради големата далечина, но со заеднички заложби пристапот на огромниот кинески пазар не е ... Read More »

Со законските измени ќе се надминат проблемите во лозарството

  Направени се измени во Законот за вино кои поминаа на Влада и се очекува дека по скратена постапка следната недела ќе поминат во Собрание. Со нив ќе се олесни наплатата на побарувањата кои ги имаат лозарите за предадено грозје и ќе се надминат одредени проблеми што се јавуваа кога грозјето се продаваше на откупувачи кои вршеа откуп во име ... Read More »