Организација

Најниска форма на организирање во СПМ се месните организации кои што имаат своја структура.

Месните организации се здружуваат меѓусебно во општински организации со свое раководство.

Како дел од СПМ делуваат Млади Социјалисти на Македонија (подмладок на СПМ) и секцијата на жени на СПМ со свои раководни тела и структура.

За потребното тековно функционирање на СПМ создадени се комисии кои што се креатор на политиката и делувањето.

ПАРТИСКИ ОРГАНИ

Органи на партијата согласно Статутот се: Конгрес, Републички одбор, Надзорен одбор, Извршен одбор и претседателство.

Највисокиот орган на Партијата е Конгресот кој се одржува на секои 4 години. Првиот конгрес на СПМ се одржа во јуни 1991 година. Следуваа конгесите одржани во мај 1996 година, во март 2000 година, октомври 2003 и декември 2007. Надлежности на Конгресот на СПМ се утврдени во Статутот на СПМ (во прилог).

Помеѓу два Конгреси највисок орган е Републичкиот одбор кој брои 77 члена, потоа Извршниот одбор кој брои 33 члена, Надзорниот одбор кој брои 5 члена и Претседателството кое го сочинуваат 7 члена и тоа Претседателот на Партијата, потпретседателите, генералниот секретар и извршниот секретар.

Мандатот на органите и на носителите на највисоките функции во СПМ на сите ниивоа на организирање е утвреден и трае 4 години.

Во рамките на СПМ постојат и дејствуваат и организации на Младите социјалисти, како подмладок на СПМ, како и Форумот на жените на СПМ. Овие организации имаат свои посебни органи, а претседателите и членови на истите по функција членуваат во органите и телата на СПМ. Интересот на овие организации е исто така да бидат вклучени во рамките на соодветните меѓународни организации кои делуваат под покровителство на Социјалистичката интернационала, односно во Меѓународната унија на млади социјалисти и во Социјалистичката интернационала на жените.

Исто така скоро за сите области на политичкото и општественото делување во СПМ постојат повеќе комисии кои расправаат за одделни законски проекти и актуелни општествени и политички прашања.

Leave a Reply