Раководство

Органи на партијата согласно Статутот се: Конгрес, Републички одбор, Надзорен одбор, Извршен одбор и претседателство.

Највисокиот орган на Партијата е Конгресот кој се одржува на секои 4 години. Првиот конгрес на СПМ се одржа во јуни 1991 година. Следуваа конгесите одржани во јуни 1995 година, вонреден конгрес во мај 1996 година, во март 2000 година, октомври 2003 и декември 2007. Надлежности на Конгресот на СПМ се утврдени во Статутот на СПМ (во прилог).

Помеѓу два Конгреси највисок орган е Републичкиот одбор кој брои 77 члена, потоа Извршниот одбор кој брои 33 члена, Надзорниот одбор кој брои 5 члена и Претседателството кое го сочинуваат 7 члена и тоа Претседателот на Партијата, потпретседателите, генералниот секретар и извршниот секретар.

Мандатот на органите и на носителите на највисоките функции во СПМ на сите нивоа на организирање е утвреден и трае 4 години.

Во рамките на СПМ постојат и дејствуваат и организации на Младите социјалисти, како подмладок на СПМ, како и Форумот на жените на СПМ. Овие организации имаат свои посебни органи, а претседателите и членови на истите по функција членуваат во органите и телата на СПМ. Интересот на овие организации е исто така да бидат вклучени во рамките на соодветните меѓународни организации кои делуваат под покровителство на Социјалистичката интернационала, односно во Меѓународната унија на млади социјалисти и во Социјалистичката интернационала на жените.

Исто така скоро за сите области на политичкото и општественото делување во СПМ постојат повеќе комисии кои расправаат за одделни законски проекти и актуелни општествени и политички прашања.

Leave a Reply