Историја

ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ВОВЕД

Веднаш по распаѓањето на Југославија и на самите политички и системски промени во 1991 година дотогашната позната најголема политичка организација Социјалистички сојуз на работниот народ на Македонија се трансформира во Социјалистичка партија на Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија има доста долга политичка историја, што трае од крајот на 19 и целиот 20 век, па се до денес. Таа ги продолжува политичките традиции на напредната социјалистичка мисла на Македонскиот народ и потврдените вредности на социјалистичкото работничко движење. Како следбеник на Народниот, односно Народноослободителниот антифашистички фронт кој по Втората светска војна се трансформира во Социјалистички сојуз, Социјалистичката партија на Македонија останува доследна на своите богати искуства, инспирирани од прогресивните социјалистички идеи за правда, хуманост, социјална солидарност и еднаквост, збогатувајќи ги со новите актуелни современи барања.

Политичката определба на СПМ се темели на веќе изградените демократски концепции и на кодексот на социјалистичкото движење во европски и во традиционално-историските македонски димензии. Денешната СПМ се надоградува на вредносните сфаќања и опити кои значат привилегија за современите општествени текови и интереси на граѓаните во РМ. СПМ во својот историски континуитет, и во актуелниов период од нејзиното постоење и делување декларирајќи се како демократски определена партија, силно се потпира врз интересите на граѓаните кои се определиле за левата опција.

Како политичка партија во македонското плурално општесто со граѓанска политичка определба, утврдена во Уставот на Република Македонија, СПМ е кадарна да ги имплементира и развива неговите атрибути и содржинските вредности. Усогласувањето на историските и на современите граѓански вредности како обврска СПМ успешно и доследно ги имплементира во општествениот живот на РМ. Таа со својата активност во Парламентот и во одредени периоди со учество во Владата на Република Македонија доследно и темелно се грижи како за македонското домицилно население, така и за човековите, политички, економски и социјални права на граѓаните од другите етнички заедници во Македонија, за негувањето на верските, на културно-обичајните и на другите придобивки значајни за содржинско збогатување на мозаикот на општествениот живот во Република Македонија.

Основање на Партијата

Веднаш по распаѓањето на Југославија и на самите политички и системски промени во деведесетите години дотогашната позната најголема политичка организација Социјалистички сојуз се трансформира во Социјалистичка партија на Македонија.

На 13 јули 1990 година, Републичката конференција носи одлука за трансформација од ССРНМ во Социјалистичка партија на Македонија, партија со демократска социјалистичка ориентација. За нејзин прв претседател е избран Киро Поповски. На 14 септември 1990 година, СПМ е запишана во регистарот на градскиот секретаријат за внатрешни работи, како Социјалистички сојуз на Македонија – Социјалистичка партија на Македонија.

Киро Поповски

kiro_popovski

Киро Поповски е прв претседател и основноположник на СПМ, роден 1942 година, дипломиран правник и истакнат политичар во поновата историја на Македонија.

 На првиот конгрес одржан во јуни 1991 година избришани се зборовите Социјалистички сојуз на Македонија. На Конгресот беа усвоени политичката Програма и Статутот на Партијата.

Органи на партијата

Највисокиот орган на Партијата е Конгресот кој се одржува на секои 4 години (до 2014 година се одржани шест редовни конгреси и еден вонреден). Помеѓу два Конгреси највисок орган е Републичкиот одбор, потоа Извршниот одбор, Надзорниот одбор и Претседателството.

Со Партијата раководи претседателот, тројца потпретседатели, генерален секретар и извршни секретари.

 Одржани Конгреси на СПМ

1. На 28 септември 1990 година одржано е Основачко собрание на Социјалистички сојуз – Социјалистичка партија на Македонија. На Основачкото собрание присуствуваа 360 делегати.

2. Првиот конгрес на СПМ е одржан на 8 јуни 1991 година.

За прв претседател е избран Киро Поповски.

За потпретседатели се избрани д-р Стојмен Михајловски и д-р Јован Лазарев.

За секретар е избран Мирко Трипуноски.

3. Вториот конгрес на СПМ е одржан на 1 јули 1995 година.

За претседател повторно е избран Киро Поповски.

За потпретседатели се избрани д-р Љубе Трпески и Благоја Филиповски.

За секретар е избран Мирко Трипуноски.

4. Третиот (вонреден) конгрес на СПМ е одржан на 25 мај 1996 година.

За претседател е избран Љубисав Иванов – Ѕинго.

ljubisav-ivanov-zingo

Љубисав Иванов – Ѕинго е втор претседател на СПМ, роден 1936 година, дипломиран рударски инженер и истакнат политичар и стопанственик

5. Четвртиот конгрес на СПМ се одржа на 25 март 2000 година

За претседател е избран Љубисав Иванов – Ѕинго.

За потпретседатели се избрани д-р Сашо Василевски, Бранко Петковски, Милан Христовски, д-р Петар Илиевски и проф.д-р Тодор Каламатиев.

За генерален секретар е избран д-р Јован Лазарев.

6. Петтиот конгрес на СПМ се одржа на 25 октомври 2003 година

За претседател е избран Љубисав Иванов – Ѕинго.

За потпретседател е избран Зоран Витанов.

За генерален секретар е избран д-р Јован Лазарев.

7. Шестиот конгрес на СПМ се одржа на 27 декември 2007 година

За претседател е избран Љубисав Иванов – Ѕинго.

За потпретседатели се избрани Михаил Цветков, д-р Јован Лазарев и Ацо Спасеноски.

За генерален секретар е избран Љупчо Димовски.

За извршен секретар е избрана Владанка Авировиќ.

8. Седмиот конгрес на СПМ се одржа на 29 декември 2012 година

За претседател е избран Љубисав Иванов – Ѕинго.

За потпретседатели се избрани проф.д-р Јован Лазарев, Михаил Цветков и Сашко Николоски.

За генерален секретар е избран Љупчо Димовски.

За извршни секретари се избрани Владанка Авировиќ и Малиша Станковиќ.

Облици на дејствување

Во рамките на СПМ постојат и дејствуваат организации на младите социјалисти и Форумот на жените, со свои посебни органи. Исто така скоро за сите области на политичкото и општественото делување постојат комисии кои расправаат за одделни законски проекти и актуелни општествени прашања.

Партијата има свои 80 општински организации на локално ниво со разграноци по месните заедници. Нивната организациона поставеност и структура е приближно иста како и на Републичко ниво.

Учество во изборните процеси

Социјалистичката партија на Македонија почнувајќи од првите парламентарни избори постојано учествува во изборните процеси и постојано е застапена со три до осум пратеници во Парламентот.

Во актуелниот Парламент е застапена со 3 пратеника и во Коалиција со повеќе политички партии во актуелната Влада на Република Македонија е застапена со министер, заменик министер и други раководни позиции.

СПМ учествува на сите локални избори за градоначалници и советници и постојано има од 3 до 5 градоначалници од вкупно 120 општини и во нив сите со советници во локалните општински совети.

СПМ покрај политичката платформа и политичка програма, за сите парламентарни и локални избори настапува со посебна изборна програма.

Социјалистичката партија на Македонија во современото македонско плурално општество дејствува скоро две децении, со што го збогатува Европското семејство на лево ориентирани партии. Досега има воспоставено и соработува со повоеќе од дваесет социјалистички и други левоориентирани партии во регионот и пошироко во Европа. Претставници на СПМ учествувале на нивни конгреси, повеќе собири, трибини и други облици на активност на социјалистичките и други левоориентирани партии. СПМ и самата беше организатор на меѓународни научни дебати и соорганизатор на слични дебати со социјалистички партии од регионот.

Парламентарни избори

1. На првите парламентарни избори во Република Македонија СПМ освои 5 пратеници и тоа: Киро Поповски, Љубисав Иванов – Ѕинго, Божо Рајчевски, Бранко Арсовски, Иван Иванов и Фаик Абди. Во коалиција со СДСМ, СПМ учествуваше во владата со потпретседател на владата д-р Љубе Трпески и министер за здравство Илија Филипче.

2. На вторите парламентарни избори СПМ освои 8 пратеници и тоа: Киро Поповски, проф.д-р Јован Лазарев, Мирко Трипуноски, Благоја Филиповски, Мирко Пецов, Бранко Арсовски, Љубисав Иванов – Ѕинго и д-р Мирко Лазаревски (избран како независен пратеник кој потоа и пристапи на пратеничката група на СПМ). Во коалиција со СДСМ СПМ учествуваше во владата со потпретседател на владата Златка Поповска, министер без ресор Владо Наумовски, министер за здравство Петар Илиевски, заменик министер за транспорт и врски Бранко Петковски и заменик министер за внатрешни работи Илија Гајтановски.

3. На третите парламентарни избори во 1998 година СПМ освои само еден пратеник и тоа Љубисав Иванов – Ѕинго. Во 2001 година по конфликтот во Македонија, СПМ учествуваше во широката коалиција со еден заменик министер за економија Зоран Витанов.

4. На четвртите парламентарни избори во 2002 година СПМ освои само еден пратеник и тоа Љубисав Иванов – Ѕинго.

5. На петтите парламентарни избори во 2006 година СПМ на заедничка листа со ВМРО-ДПМНЕ имаше тројца пратеници и тоа Љубисав Иванов – Ѕинго, Владанка Авировиќ и Зоран Витанов. Во Владата на Р.Македонија СПМ беше застапена со еден министер за земјоделие Ацо Спасеноски и заменик министер за образование проф.д-р Јован Лазарев.

6. На вонредните парламентарни избори во 2008 година СПМ на заедничка листа со ВМРО-ДПМНЕ имаше тројца пратеници и тоа Љубисав Иванов – Ѕинго, Владанка Авировиќ и проф.д-р Јован Лазарев. Во Владата на Р.Македонија СПМ беше застапена со еден министер за земјоделие Ацо Спасеноски и заменик министер за транспорт и врски Љупчо Димовски.            Поради именување на Ацо Спасеноски за амбасадор на РМ во Украина, за министер за земјоделие е избран Љупчо Димовски, а за заменик министер за транспорт и врски Горан Михајловски.

7. На вонредните парламентарни избори во 2011 година СПМ на заедничка листа во ВМРО-ДПМНЕ имаше тројца пратеници и тоа Љубисав Иванов – Ѕинго, Владанка Авировиќ и Малиша Станковиќ. Во Владата на Р.Македонија СПМ е застапена со еден министер за земјоделие Љупчо Димовски и заменик министер за здравство Јовица Андовски.

Leave a Reply