Коментари на СПМ во врска со Извештајот од ЕК

СПМ лого

Социјалистичката партија на Македонија изразува задоволство за шестиот последователно позитивен Извештај на Европската Комисија. Како претходните, така и овој Извештај во себе соддржи препорака за започнување на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во Европската Унија.

Оценките содржани во Извештајот се резултат на спроведените реформи од страна на Владата на Република Македонија и нејзините заложби во исполнување на Копенхашките критериуми, особено во економскиот развој и развојот на демократските процеси во македонското општество.

СПМ смета дека Извештајот е реален со прецизни пораки на кои прашања во иднина е потребно поинтензивно да работиме.
Истовремено, Извештајот ја потврдува нашата посветеност на патот за влез во ЕУ наспроти билатералниот спор што го имаме со Република Грција за нашето уставно име.

СПМ особено го истакнува своето задоволство што во Извештајот позитивно се оценува економскиот развој. Тоа за нас претставува дополнителен мотив да продолжиме со економските политики кои се од непосреден интерес за сите граѓани во државата.
Овогодишниот Извештај констатира задоволително исполнување на политичките критериуми и прогрес во правосудството и јавната администрација, како и во хармонизација на нашето законодавство со законодавството на ЕУ.

За СПМ економскиот развој, решавањето на социјалните проблеми и создавањето амбиент на сигурност кај граѓаните, останува приоритетна определба, како услов за уште поголем напредок на Република Македонија.

И во оваа прилика особено потенцираме сите политички субјекти во Република Македонија да ги остават настрана своите тесно партиски интереси и да се обединат за остварување на стратешките државни и национални интереси.

Comments are closed.