Честит 11-ти Октомври

На овој историски црвен 11-ти Октомври, повторно ја соопштуваме цврстата определба на Социјалистичката партија на Македонија дека ние, под условите кои ни се диктираат, под притисок и надворешните влијанија, сме исправени пред уценувањата и крајно неповолните договори со три соседни држави.
Од нас упорно се бара да се откажеме од својот идентитет, од нашиот јазик, од сопствената вековна историја, својата култура, традиција и обичаи, од својата независност и суверенитет, од величењето на нашите вековни херои и од сите оние кои низ минатото ги положиле своите животи за слободна и независна Македонија. Сето тоа значи рушење на нашата Држава Македонија.
Повторно испраќаме порака дека ние не посакуваме членство во ЕУ, доколку тоа да биде со полно достоинство, како самостојна држава, како македонска Држава на македонскиот народ.
Ние уште во 90-тите години од минатиот Век се определивме за евроатлантските интеграции.
Меѓутоа сè ова што се случува не принуди да предложиме, доколку се продолжи во овој правец на притисок од соседните земји и склучување неправедни договори, да кажеме јасно и отворено доаѓа моментот дека во ЕУ не треба да влеземе понижени, навредени, омаловажени и уценети. Со сериозно укажување дека сето ова води кон држава која во блиска иднина ќе исчезне.
За секој народ државата е света работа, нешто што не може со ништо да се плати. Само додека државата постои ќе го има и народот кој ќе ја брани и штити.
Ние социјалистите длабоко сме убедени дека во тој правец се води опасна надворешна и внатрешна политика и подготвени сме да го отвориме процесот за обединување на македонскиот народ за сочувување на нашата Македонија.
Низ историјата формирани се многу унии, но ниту една не опстанала. Па и оваа која толку многу ја посакуваме веројатно ќе ја доживее истата судбина, а државата треба вечно да остане.
Затоа денес се обраќаме до македонскиот народ.
Народе, крајно време е да се освестиме, да се обединиме кон крајната цел да се сочува нашата драга, незаменлива, една и единствена Македонија!

Comments are closed.