Честитка за Денот на независноста

Социјалистичка партија на Македонија на македонскиот народ и на сите граѓани на Рапублика Македонија им го честита празникот 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Денешниот ден е историскиот врв на Македонците во остварувањето на долговековниот сон за своја слободна, самостојна и независна македонска држава.

Референдумското изјаснување во 1991 година претставува заокружување на долгата и тешка борба на македонскиот народ. Тоа е одраз на високата свест на генерацијата која со храброст и разум ги потврди темелите на современата македонска државност и македонската држава поставени на АСНОМ во 1944 година, започнати во 1903та година со Илинденското воставие и Крушевската Република.
На 8-ми Септември 1991 година македонскиот народ слободно, со својата културна еманципација, со изразената национална свест, чувството за историскиот момент и одговорност, со разум и достоинство и на најдемократски начин слободно се определи за самостојна и суверена држава, воспоставувајќи го сопствениот правен легитимитет.
Референдумот од 1991 година по своето суштинско значење во себе ја соддржи историската судбина и обврската заеднички да пристапиме кон мирното изодување на патот кон своја суверена држава со сите нејзини сегменти во правниот, политичкиот и економскиот систем. Со ова овозможивме да воспоставиме партнерство со сите оние кои ќе имаат интерес да бидат со нас, а нашата македонска држава да биде заедничкиот дом кој ќе не поврзува и ќе не спојува.
Сето тоа ни даде за право да кажеме дека нашиот суверенитет и нашата самостојност ги сфаќаме како дополнително поттикнувачки мотив и инспирација во градењето на демократска и социјална држава во која поединецот ќе ги има сите човекови права и слободи.

Но, како што во 1991 година тогашната генерација, во воспоставувањето на нашата независност, се справуваше со големи потешкотиите и ризици за што беа потребни трпение, храброст, мудрост и разум така и ние денешните современици сме исправени пред исто така големи искушенија и предизвици во нивното надминување.

Почитувани сонародници,

Ние не смееме да дозволиме сè што е создадено од нашите претходни генерации, за што ги положиле и своите животи, сето тоа што има историски континуитет, со немо набљудување да сведочиме како пред нашите очи катадневно изчезнува.
Државата Република Македонија не ни е оставена само нам, таа ја имаме добиено во наследство за да ја оставиме иста онаква на генерациите кои доаѓаат после нас.
Затоа овој 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, за сите нас мора да биде денот на нашето освестување, обединување и сплотување.
Како никогаш до сега нам ни е потребно национално единство и заедништво, затоа што само единствени и сплотени, а не поделени, можеме да се справиме со сите проблеми со кои се соочуваме.
Потребно е да престанат подделбите, омразата и нетолеранцијата, потребен е разумот на единството кој е најголемото оружје во сочувувањето на нашата Татковина. Онаква каква ја наследивме, онаква каква ја заслужуваме и онаква каква мораме да ја оставиме.
Мораме да бидеме свесни за жртвите кои треба да ги поднесме, трудот кој треба да го вложиме, знаењето и разумот кои треба да ги искористиме за да ја одбраниме и да ја сочуваме Македонија, токму таква каква што сите ја сакаме нашата Татковина.
Мораме повторно да ја дигнеме на нозе како демократска, праведна и правична, силна, стабилна, економски јака и просперитетна Република Македонија.

Почитувани Македонци, граѓани на Република Македонија,

Ви го честитаме денешниот празник, Денот на слободна, самостојна, суверена и независна Република Македонија!
Да живее Република Македонија!

Ваша
Социјалистичка партија
на Македонија

Comments are closed.