ПОВИК

Во пресрет на вториот круг од претседателските Избори Социјалистичката партија на Македонија се обраќа до своето членство и до граѓаните на Република Македонија напоменувајќи на значењето на одлуката која на 5-ти Мај треба сите заедно ќе ја донесеме, а која ќе има исклучително влијание врз иднината на нашата Татковина.
Тргнувајќи од својата историска одговорност Социјалистичката партија на Македонија ги споделува посакувањата на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија и нивната верба во правото, како и нивното верување дека без правна држава нема услови за политички и економски развој. Затоа што владеењето на правото е основа за воспоставување на целосна демократија.
Во период на политичко и економско назадување, напуштање и отстапување од сите национални и државни интереси, Македонија заслужува владеење на целосно право и правда поддеднаква за сите. Граѓаните бараат крај на неправдата, подеднакво како што бараат и враќање на нивното достоинство, како и еднаквоста и рамноправноста за сите.
Социјалистичката партија на Македонија ја чувствува загриженоста на граѓаните за својата иднина и иднината на државата, но ја чувствува и на нивната љубов кон Татковината, која подеднакво ја споделува со нив.
Овие денови се клучни за Македонија, Татковинта сите нас не повикува на 5-ти мај да го направиме клучниот чекор со изборот за сите нас и за Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија цврсто застана зад кандидатурата на проф.Гордана Силјановска Давкова за претседател на Републиката и таа ја има нашата безрезервна поддршка.

Во првиот изборен круг проф. Гордана Силјановска Давкова, Коалицијата „За подобра Македонија“ и сите граѓани направија голем исчекор во освојувањето на конечната победа од која не дели само малку.
Социјалистичката партија на Македонија ги повикува сите граѓани на 5-ти Мај да го искористат своето демократско право на глас.
Македонија ја води битката за својата чест и достоинство и нема поголем чин за секој Македонец да учествува во поддршката на нашата Татковина, користејќи ја историската можност на нашата генерација да учествува во сочувувањето на Република Македонија таква каква што ја имаме и ја посакуваме. Еокономски просперитетна и европска Македонија.
Затоа, гласот за Гордана Силјановска Давкова е глас за Македонија и глас за сите нас и нашата иднина.
Социјалистичката партија на Македонија ги повикува своите членови и сите граѓани на Република Македонија на 5-ти Мај да го дадат својот глас за проф. Гордана Силјановска Давкова за Претседател на Република Македонија.

Comments are closed.