Соопштение

SPM LOGO

Македонскиот народ знае дека само низ големи остварувања и дела и со меѓусебно почитување може да се постигне единството.

Преку сите оние спортисти кои го претставуваат со големо срце кое што го имаат и со нивната подготвеност за градење на заедништвото составено од нации од цела Европа.

Токму тие, не само со својата игра, туку и со прославувањето не заборавија на народот, длабоко поклонувајќи и се на македонската земја, од сè срце пеејќи ја државната химна, со што му покажаа на македонскиот народ дека е време да се обедини.

Со моментот во кој се постигна будење на чувствата и на љубовта, на човечноста, етичноста, културата, на високиот морал и националното достоинство.

Ние во Социјалистичката партија на Македонија топло им се заблагодаруваме за овој високо достоинствен чин и на сето она што го поттикна и што го краси нашиот човек.

Затоа и во оваа прилика го повикуваме македонскиот народ на обединување затоа што тоа е единствената цел која носи слога, радост, врвни дострели на нацијата и државата.

Comments are closed.