8-ми Конгрес на СПМ

kongres

Социјалистичката партија на Македонија денес, 27 мај 2017 година, го одржа својот Осми Конгрес.
Конгресот избра нови органи, а за претседател повторно е избран Љубисав Иванов Ѕинго.

На Конгресот беше поднесен Извештај за работата на партијата во изминатиот четири годишен период. Беа направени мали измени на Статутот на СПМ и беа донесени заклучоци за актуелната општествено политичка состојба во државата, разрешување на политичката криза и задачите на партијата во наредниот период.

Во Заклучоците што Конгресот ги донесе е подвлечено дека Република Македонија во минатите години предводена од Коалицијата за подобра Макеоднија забележа вонредни резултати во сите области на општественото живеење. Растот на економијата, животниот стандард, значително намалување на невработеноста, растот на инвестициите во здравството, образованието, инфраструктурата, социјалната заштита и друго,  придонесоа за многу подобар живот на граѓаните на Македонија.

Конгресот особено ги потенцира резултатите постигнати во развојот на земјоделието, гранка со која раководеше Социјалистичката партија на Македонија. Растот на бруто-домашниот производ од 2,5 до 3% е потврда за посветеноста на Владата и партиите што ја сочинуваа и е признат и оценет од домашните и странските релевантни институции како резултат што ниту една земја во опкружувањето и пошироко во Европа не го забележала. При ова треба да се подвлече дека во годините што изминаа Република Македонија, како резултат на геостратешките интереси на големите сили, беше под силен притисок и закани по суверенитетот и интегритетот. Одделни центри на моќ однадвор, поддржани од опозицијата, создадоа вештачка политичка криза, каква што Македонија нема доживеано од почетокот на своето осамостојување, се со цел да ги остварат своите геостратешки цели. Во тие напори не се бираа средства и методи и по цена на фалсификување на изборите да ја сруши актуелната влада.

Конгресот на СПМ подвлекува дека политичката криза во Македонија ќе продолжи и нема изгледи брзо да заврши. СПМ како и досега со внимание ќе ги следи сите политички превирања и остро ќе се спротивстави на секој обид за загрозување на македонските национални и државни интреси – нејзиниот суверенитет, интегритет, името, јазикот и сите нејзини други атрибути – знамето, химната и слично.

Името на Република Македонија и идентитетот на македонскиот народ не може да биде предмет на било какви пазарења или промени, тоа е уставно, едно, единствено и непроменливо. Македонскиот народ повеќе не може и не смее да прави отстапки од своето стекнато и природно право на сопствена држава, идентитет, историја, култура и јазик.
Конгресот ја изрази својата загриженост за поделбите во македонското национално ткиво што е погубно за иднината на нашата држава. Затоа мора ефикасно да се дејствува за смирување на страстите и градење на единство по битните национални и државни интереси.

СПМ оценува дека посебно потфрли правната држава и нејзините органи, а пред се судскиот систем кои не беа на висина на нивната задача за одбрана на уставноста и законитоста. Од тука Конгресот на СПМ укажува дека ако овие појави не се отстранат и стават во нормални текови не може да се очекува стабилизација на целокпуниот општествен и политички живот во државата.

Осмиот конгрес ги задолжи општинските организации максимално да се заложат за престојните избори на кои треба да се делигитимира насилно избраната влата во Република Макеоднија.

СПМ и натаму ќе дејствува за изградабата на демократска, правна, и граѓански уредена држава во која власта произлегува и ја определува народот.

Comments are closed.