Соопштение

SPM LOGO

Социјалистичката партија на Македонија ја предвиде неповолната внатрешно политичка состојба во државата предизвикана од внатрешни и надворешни сили кои тоа го направија за свои цели и интереси.

Социјалистичката партија на Македонија предлага двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да прејдат на непосредни разговори и преговори и при тоа низ дијалог, смирено однесување и толерантност, со почитување на секое изнесено мислење, со аргументи и факти, а особено со чувството за зачувување на унитарноста и стабилноста на нашата држава да усогласат прифатливо излезно решение.

Светот во XXI Век на овој начин ги надминува и ги решава меѓусебните проблеми, затоа што се покажало дека доколку во тоа посредува друг, решенијата се неуспешни.

Социјалистичката партија на Македонија е подготвена да обезбеди услови и да посредува доколку двете страни за тоа се согласат.
Убедени сме дека овој пат ќе победи разумот и дека ќе се тргне по патот кој ќе донесе излезни решенија.

Comments are closed.