СООПШТЕНИЕ

Социјалистичката партија на Македонија е длабоко загрижена од нетранспаретното договарање меѓу СДСМ и ДУИ за обезбедување на потребните пратенички потписи за добивање мандат за формирање на Влада.

Во основата на ова договарање е тиранската Платформа на албанските партии во Република Македонија.

Од она што е неофицијално обелоденето од повеќе извори, а особено со извесувањата на ДУИ, договорени се и прифатени за реализација сите цели соддржани во тиранската Платформа кои длабоко задираат во уставното уредување на Република Македонија, кои ги поткопуваат темелите на македонскиот национален идентитет и држава.

Оваа загрженост деновиве не ја чувствува само Социјалистичката партија на Македонија туку и целиот македонски народ и граѓаните во Република Македонија.

Меѓу другото, во тиранската Платформа се бара, а од СДСМ е прифатено, во Собранието на Република Македонија да се усвои Резолуција со која ќе се осуди геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912­ до 1956 година.

Нашата историја не познава било каков геноцид да е извршен врз било кој народ, што е причина повеќе против намерата на СДСМ како партија да се навраќа во минатото и да ја прекројува историјата.

И самата помисла за донесување на таква Резолуција не може да и донесе ништо добро на Република Македонија.

Македонскиот народ никогаш не бил геноциден, ниту било кој друг ентитет кој живее во Република Македонија и отварањето на оваа тема со себе носи големи опасности.

Таа длабоко ќе ги загрози маѓунационалните односи во Република Македонија, како изградена мултиетничка држава и ќе има последици во дополнителното регионално усложнување на ситуацијата на политички и економски план со Република Србија и Република Бигарија, како и со етничките заедници кои живеат во Република Македонија, за што сета историска одговорност од последиците за Македонија ги има исклучиво СДСМ.

Затоа, Социјалистичката партија на Македонија бара потписниците на договорот на претседателот на Републиката да му го достават оригиналниот текст од договорот и да излезат јавно да им соопштат на македонските граѓани и народ за сè што договориле и за сè што е прифатено од тиранската Платформа за да може народот да оцени каде тие не водат и во кој правец со својата неодговорност че ја однесат државата.

Бегањето од јавно соопштување за тоа што е прифатено и договрено сè повеќе ги револтира македонските граѓани што може да не одведе во несакани правци.

СПМ – Служба за информирање

Скопје, 1 март, 2017 година

Comments are closed.