Соопштение на СПМ во врска со написот во „Слободен печат“

SPM LOGO

Социјалистичка партија на Македонија во денешното издание на дневниот весник „Слободен печат“ имаше прилика со слика на насловната страна и збор да види и да го прочита уводникот на уредникот Бранко Геровски и неговите гледања за драматичната состојба во Република Македонија.

Немајќи аргументи за одбрана на платформата на партиите на Албанците во Македонија и последиците од неа, авторот со политички изместена диоптрија истапува со грст дисквалификации и инсинуации.

Неговата „острилка“ не бира средства да се пресмета со сите неистомисленици и политички сили во Македонија чија единствена цел е сочувување на унитарноста, суверeнитетот и незавсноста на Република Македонија.

Она што е најгнасно во текстот е што Социјалистичката партија на Македонија ја поистоветува со „удбаштвото“, веројатно тргнувајќи од себе.

Во текстот тој се навраќа и во историјата во врска со признавањето на Република Македонија од страна на СРЈ.

Да го потсетиме Геровски во тие времиња, од кога потекнува објавената фотографија, никој од тогашното македонско државно раководство немал храброст да се сретне со анатемисаниот претседател на тогашната скратена СРЈ.

Затоа пак, сите тие во македонското државно раководство се обратиле и до Љубисав Иванов Ѕинго, претседател на СПМ, и од него побарале и тој да биде соговорник од македонска страна кој ќе ги пренесе пораките и молбите за признавање на независноста на Република Македонија од страна на тогашната СРЈ, што и се случи после неполн месец.

Во таа насока му препорачуваме да го побара официјалното писмо испратено од претседателот Глигоров до Социјалистичката партија на Македонија.

Зачудени сме од мноштвото свесни дезинформации и лични дисквалификации во „острилката“ на Геровски дека Љубисав Иванов-Ѕинго добил некакво одликување од Слободан Милошевиќ.

Оваа информација, која е крајно невистинита, како и другите квалификации Геровски ќе мора да ги докаже на Суд.

Comments are closed.