Реакција на СПМ за изјавите и предлозите на Зоран Заев

ljupco

Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира и остро се спротивставува на изјавите и предлозите на Зоран Заев, претседателот на опозицискиот социјалдемократски сојуз, за редифинирање на државата, нејзина федерализација и разбивање, за менување на уставниот поредок на Република Македонија, нарушувањето на изградената државна политика кон соседите, како и изградените македонски позиции во решавањето на спорот со јужниот сосед, односно зачувувањето на уставното име на македонската држава.

Неговите непромислени, андтидржавни и антимакедонски ставови и предлози сериозно го загрозуваат унитарниот карактер на Република Македонија, длабоко задираат во националниот идентитет на македонскиот народ во неговата сопствена држава и безмилосно го газат достоинството на македонскиот народ и сите граѓани во Република Македонија.

Доколку воопшто кај некого постоела излузија за намерите на опозицијата во наметнувањето на внатрешно политичката криза, тогаш, после трибината на Заев во Швајцарија, сосема се јасни и до крајност се соголени крајните цели на погубната политика на најголемата опозициска партија и воопшто на опозицијата во целосното разбивање на Република Македонија каква што денес ја имаме.

Токму за ова Социјалистичката партија на Македонија веднаш се произнесе со конкретен став, со кој козистентно истапува во текот на изминатите две години, за штетата која, како носител на разбивање на државата и нацијата, опозицијата свесно и ја нанесува на Република Македонија и предупредувајќи на последиците од неа.

Крајно е бесчувствително и антинмакедонско јавното обвинување на опозиционерот Заев кон Република Македонија со проблематизирањето на македонскиот став за сочувување на уставното име и националниот идентитет на македонскиот народ.

Меѓутоа, покрај официјалната државна политика и институциите, Заев го обвини и Синодот на Македонската Православна Црква-Орхидската Ариепископија за создавање на проблемот за оспорување на нејзината автокефалност од страна на Српската Православна Црква, со што најдиректно се задира во духовноста на македонскиот народ и во неговата душа.

За Социјалистичката партија на Македонија се крајно неприфатливи и ги смета за многу опасни обвинувањата на Заев дека проблемот за непризнавање на македонскио јазик и македонскиот народот, како и за состојбата и правата на македонското малцинство во соседството е предизвикан токму од македонската држава и нејзините граѓани.

Неразумно е ветувањето за отварање на рамката на Охридскиот договор со негово ветување за менување на Уставот, официјализирање на албанскиот јазик и федерализирање на Република Македонија, со што ќе дојде до нејзино конечно распарчување.

Социјалистичката партија на Македонија предупредува и на сите граѓани на Република Македонија им укажува на антидржавната и антинационална политика која ја води опозицијата со нејзиното отворено и нескриено распродвање на најсуштинските национални интереси, како директен слуга и извршител на туѓите интереси.

На граѓаните им укажуваме дека целта од наметнатата криза во државата од страна на опозицијата не е само себичното и безочно дограбувањето до гола власт по секоја цена, туку целосно распордавање на националните интереси на македонскиот народ и на македонската држава и нивно конечно исчезнување.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции, пред се јавното обвинителство, да превземат конкретни чекори во согласност со законот за заштита на македонските и државни интереси и да го спречат понатамошното антимакедонско и антинационално делување на опозициските претставници.

Социјалистичката партија на Македонија верува во мудроста на македонскиот народ и на сите граѓани во Република Македонија, во нивното трпени и расудување, убедени дека и тие на ист начин го осудуваат опозициското антидржавно и антинационално делување на опозицијата и дека токму на изборниот ден, на 11-ти декември, одлучно ќе ја отфрлат оваа антидржавна и антинацинална политика на Заев и на опозицијата.

Comments are closed.