Цветков на промоција на резултатите на оризово поле од системот капка по капка

cesinovo

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков во присуство на оризопроизводители ги промовираше резулатите од првото и единствено поле со ориз во Македoнија наводнувано со систем „капка по капка“ во сопственост на Јорданчо Лефков.

-За македонското земјоделство да биде конкурентно клучно е земјоделците да инвестираат во нови технологии како системите капка по капка за едногодишни култури. Новиот начин на наводнување овде во Чешиново резултираше со заштеда на вода од 40 проценти, заштеда на време од 650 отсто (218 работни часови), олеснет процес на хемиска заштита, значително намалување на плевелот, зачувување на хранливи материи во почвата и намалување на емисијата на стакленички гасови од полето. Дополнително овој начин на наводнување отвора можност за производство на органски ориз кој не се произвдеува во Македонија, а за кој има голема побарувачка во Европа, истакна министерот Цветков.

Потенцира дека Министерствоито за земјоделство ќе продолжи да го подржува овој процес преку националната програма која во 2017 година ќе стави на располагање три милиони евра за кофинансирање на ископ на бунари и набавување системи капка по капка за едногодишни култури.

– Одржливото производство на ориз со помош на наводнувањето капка по капка е клучно за адаптација на земјоделството кон климатските промени, но и за зголемување на профитабилноста на оваа култура. Со дополнително усовршување на земјоделските протоколи кои се користат со наводнувањето капка по капка овозможено е и зголемување на приносите на ориз до 20 проценти, објасни Димче Дамјановски агроном и специјалист за економски развој во проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.

Според Јораданчо Лефков, оризопроизводител од село Чешиново примената на системот капка по капка е повеќе од исплатлив. На оваа иста површина, вели тој, по производство на јачмен, сега се добиени задоволителни приноси на ориз и тоа по 600 килограми по декар.

На денешната средба со оризопроизводителите во село Чешиново, министерот Цветков истакна дека просечните приноси се движат околу 4.000 тони по хектар. Зборувајки за проблемот со пласманот на оризот Цветков ги истакна малите површини кои се сеат под ориз (5.000 хектари) годинава со можност тие да се зголемат на 9.100 хектари.

Со донесувањето на законот за консолидација на земјоделско земјиште Цветков рече дека од фондовите на ЕУ ИПА 2 програмата се обезбедени финансиски средства од шест милиони евра за оваа намена. Од идната година, рече тој, ќе почнеме со избор на земјоделски површини во Кочанско со цел да се добие поголема земјоделска површина и систем за наводнување.

– Земјоделците од кочанско не го користат семенскиот материјал, додавајки дека 1,5 процент од површините се насеани со семенски материјал, а останатите со меркантилно семе. Како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во 2017 година на производителите ќе им обезбедиме сертифициран семенски материјал увезен од Италија за оние сорти кои земјоделците ќе ги побараат. За само 70 денари по килограм сертифицирана семенска арпа ќе увеземе и истата ќе ја платиме 50:50 согласно програмата за рурален развој, со што ќе се добијат просечни приноси по 7.000 тони од хектар, истакна министерот Цветков.

Информира дека МЗШВ планира и набавка на семенски материјал од Турција. Во рамките на бесцаринската дозвола, Македонија во Турција може да извезе 8.000 тони квалитетен ориз. Формирањето на земјоделските задруги, според Цветков е повеќе од потребно за оризoпроизводителите од кочанскиот регион.

Comments are closed.