Прес конференција на СПМ

Социјалистичката партија на Македонија загрижена од настаните што се случуваа во текот на 2015 година, а особено во текот на оваа година кои ја туркаат Македонија во длабока политичка криза ги повикува граѓаните на Република Македонија, онака како што низ историјата македонските социјалисти повикуваа на одбрана, без разлика на националната и верската припадност, без разлика на партиската и идеолошката определба, да се обединиме околу најголемата, најценетата и најславната човечка идеја–Патриотската идеја во одбрана на извојуваната придобивка, заедничката Таковина Република Македонија.

Да се обединиме околу оваа света идеја заеднички да ја градиме Македонија во држава за сите во која за секого ќе биде обезбеден пристоен живот и посакуван стандард.

Да се обедимниме за брз и несметан развој на Македонија на сите полиња, особено на економски план, да обезбедиме внатрешен мир, стабилност, безбедност, слобода и демократија.

Да се обединиме и цврсто да се определиме во сочувувањето на суверенитетот, независноста, во одбрана на нашата богата историја, култура и традиција, да им овозможиме на нашите поколенија да живеат подобро, да се воспитувааат и образуваат во духот на заедничките традиции, мирно и сложно да продолжиме да работиме на економскиот развој на нашата земја.

Да се обединиме околу оваа идеја за да го стесниме просторот на дејствување на деструктивните сили, на болните кариеристи, на квази политичари, на сеачи на магли, лаги, афери за хаос, предизвикувачи на граѓански судири и војна, клептомани, криминалци, на луѓе без морал и етика, без елементарна култура, достоинство и чувство за одговорност, верни слуги на туѓите интереси, опседнати со омраза, осветољубивост и примитивизам.

Да вложиме напори преку воспитниот и образовниот систем да им помогнеме да се преобразат, излечат и да ни се придружат кон остварување на големите и зацртани цели, за што посебна улога треба да имаат информативните средства.

Обединувањето околу оваа благородна и возвишена идеја и нејзиното спроведување ќе донесе среќа на секое семејство, како столб на кое почива секое здраво општество.

Ние, социјалистите, како најстара политичка партија во Република Македонија, имаме одговорна должност и обврска да го отвориме овој процес и затоа ги повикуваме сите кои во него ја препознаваат својата иднина и имаат љубов кон Татковината, кон прогресивноста и возвишеноста да ни се придружат да ја спроведеме и да ја ставиме во акција за доброто на сите.

Comments are closed.